21 Oct Оглас за вработување на проектен координатор/ка во Коалиција МАРГИНИ
Работно место: Проектен(а) кординатор(ка) за проект од областа на пристап до правда и човекови права
Краен рок: најдоцна до 31 октомври 2024 год., 23:59 часот
Адреса за поднесување документација (CV и по желба останати документи како мотивациско писмо или наративна биографија): koalicijaszpmz@gmail.com
Работни задачи:
- Управувавање со текот и спроведување на проектните задачи од проектот „Пристап до правда и човекови права“
- Ги следи сите фактори кои може да влијаат во имплементацијата на проектот како промена на промена на политиките и/или практиките на определени институции и слично;
- Ја организира и ја надгледува работата на останатите лица ангажирани во имплементацијата на проектот;
- Дава иницијативи и мапира нови донатори за проекти поврзани со почитување и промоција на принципот на еднаков третман и заштита од дискриминација, родова еднаквост, пристап до правда за маргинализирани заедници;
- Одржува комуникација со донаторот и му стои на располагање за било какви информации во врска со имплементација на проектите;
- Ја следи состојбата со човековите права на ЛГБТИК луѓето и маргинализирани жени;
- Учествува во застапување за подобра имплементација на политики и закони и комуницира со институции; и
- Учествува во подготовка на месечни и годишни извештаи, анализи и други публикации кои ги објавува Коалиција Маргини.
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС – општествени или хуманистички науки.
- Работно искуство во здружение на граѓани или во друга организација/или институција од областа на човекови права или маргинализирани заедници;
- Напредни познавања од областа на човекови права на маргинализирани заедници, домашната и меѓународната правна рамка, род, родова еднаквост, ЛГБТИ права, спречување и заштита од дискриминација, дела и говор од омраза и родово засновано насилство.
- Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
- Компјутерски вештини;
- Напредни организациски и комуникциски вештини.
Како предност ќе се смета:
А) Завршени постдипломски студии, особено на теми поврзани со човекови права на маргинализирани заедници;
Б) Искуство со застапување за политики и практики во областа на човековите права на маргинализираните заедници;
В) Искуство со прибирање фондови и раководење на проекти;
Г) Искуство во давање правни услуги на маргинализирани групи граѓани.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас, а потенцијалните кандидати ќе бидат повикани на тестирање и/или интервју.
Договор за вработување: Со избраниот/та кандидат/ка Коалиција МАРГИНИ ќе склучи договор за вработување на определено време со можност за продолжување. Работното време е 8 часа, возможно е флексибилно работно време и работа од дома по договор. Меѓусебните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата.