Оглас за вработување на проектен координатор/ка во Коалиција МАРГИНИ

Оглас за вработување на проектен координатор/ка во Коалиција МАРГИНИ

Работно место: Проектен(а) кординатор(ка) за проект од областа на пристап до правда и човекови права

Краен рок: најдоцна до 31 октомври 2024 год., 23:59 часот

Адреса за поднесување документација (CV и по желба останати документи како мотивациско писмо или наративна биографија): koalicijaszpmz@gmail.com

Работни задачи:

  • Управувавање со текот и спроведување на проектните задачи од проектот „Пристап до правда и човекови права“
  • Ги следи сите фактори кои може да влијаат во имплементацијата на проектот како промена на промена на политиките и/или практиките на определени институции и слично;
  • Ја организира и ја надгледува работата на останатите лица ангажирани во имплементацијата на проектот;
  • Дава иницијативи и мапира нови донатори за проекти поврзани со почитување и промоција на принципот на еднаков третман и заштита од дискриминација, родова еднаквост, пристап до правда за маргинализирани заедници;
  • Одржува комуникација со донаторот и му стои на располагање за било какви информации во врска со имплементација на проектите;
  • Ја следи состојбата со човековите права на ЛГБТИК луѓето и  маргинализирани жени;
  • Учествува во застапување за подобра имплементација на политики и закони и комуницира со институции; и
  • Учествува во подготовка на месечни и годишни извештаи, анализи и други публикации кои ги објавува Коалиција Маргини.

Потребни квалификации:

  1. Диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС – општествени или хуманистички науки.
  2. Работно искуство во здружение на граѓани или во друга организација/или институција од областа на човекови права или маргинализирани заедници;
  3. Напредни познавања од областа на човекови права на маргинализирани заедници, домашната и меѓународната правна рамка, род, родова еднаквост, ЛГБТИ права, спречување и заштита од дискриминација, дела и говор од омраза и родово засновано насилство.
  4. Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  5. Компјутерски вештини;
  6. Напредни организациски и комуникциски вештини.

 Како предност ќе се смета:

А) Завршени постдипломски студии, особено на теми поврзани со човекови права на маргинализирани заедници;

Б) Искуство со застапување за политики и практики во областа на човековите права на маргинализираните заедници;

В) Искуство со прибирање фондови и раководење на проекти;

Г) Искуство во давање правни услуги на маргинализирани групи граѓани.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас, а потенцијалните кандидати ќе бидат повикани на тестирање и/или интервју.

Договор за вработување: Со избраниот/та кандидат/ка Коалиција МАРГИНИ ќе склучи договор за вработување на определено време со можност за продолжување. Работното време е 8 часа, возможно е флексибилно работно време и работа од дома по договор. Меѓусебните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата.