18 Apr Постер: Skopje Pride Weekend 2024 | Останувајќи со нелагодноста
Skopje Pride Weekend 2024 | Останувајќи со нелагодноста
Постер: Христина Иваноска (цртеж) и Игор Делов (графички дизајн)
🖍️ Цртежот е дело на македонската уметница Христина Иваноска оригинално изработен за овогодинешното издание на феастивалот, а инспириран од темата во фокус. Континуираниот интерес на Иваноска за работа со текст, преку конструирање на содржина и негова визуелизација, ја инспирира да создаде сопствена типографија. Нарекувајќи ја „Архетип Отворена форма“ таа ги обедини нејзините интереси за (не)грижата и заборавот. Овој цртеж е дел од процесот да се создаваат и тестираат визуелни решенија со примена на типографијата. Изборот на дрвените боички и палетата произлегоа од блискоста на Иваноска со квир заедницата и препознавање на квир квалитети во сопствената уметничка пракса.
🖍️ Отворената форма на типографијата на Иваноска резонира со овогодинешната покана на Фестивалот да се спротивставиме на идолите на готовите решенија, и етичкиот императив кој ни налага да не ги затвориме знајните и незнајни други во банални, лесни, препознатливи категории и рамки, ниту пак да очекуваме вкалапени, дефинирани, неамбивалентни и досадно сигурни динамики и релации. Останувајќи со нелагодноста (и на читањето на овој цртеж), можеме да креираме транзициски и трансформативни инфраструктури во од, како отелотворени експерименти и пракса на одучување од вертикалните хиерархии, без однапред понудени решенија и категории, без цврсто зададени или сонувани структури, без перниците на фантазматската сигурност, и очекувањата за хармоничен и неконфликтен свет со другите.