18 Apr Фестивал Ѕуница (18-21 април 2012)
Денес започнува седмото издание на Фестивалот Ѕуница кој ќе се одржи во киното Фросина во Скопје. Фестивалот ќе трае до 21-ви април 2012-та.
Програма на фестивалот:
18-ти април, среда
19:30 – Отварање на фестивалот
20:00 – Викенд (режија: Andrew Haigh)
Еден викенд, помеѓу барови и спални, алкохол и дрога, раскажување приказни и секс, два мажи се запознаваат. Што се’ може да донесе секс за една вечер?
19-ти април, четврток
20:00 –Може да ме викате Трој (режија: Scott Bloom)
„Може да ме викате Трој“ е вистинска инспиративна приказна за извонредна и инспиративна личност која е декади пред своето време.
20-ти април, петок
19:30 –Порно мелодрама (режија: Romas Zabarauskas)
Овoј краток филм претставува драматична приказна за опасноста од љубовта, борбата да се емигрира од хомофобичната Литванија и работата како порно ѕвезда.
20:00 – Созависна вонземјанка лезбејка бара исто (режија: Madeleine Olnek)
Филмот ги следи авантурите и искуствата на три вонземјанки од планетата Зотс, испратени во мисија на планетата Земја за да се ослободат од романтичните емоции, кои се сметаат за токсични на нивната планета.
21-ти април, сабота
19:00 – Како постанав Чез (режија: Fenton Bailey, Randy Barbato)
Документарен филм за промената на полот на Чез (претходно Чесити) Боно. Филмот вклучува интервјуа со Шер и останатите членови и пријатели на семејството.
20:30 – затворање на фестивалот и забава
Преземете ја програмата во пдф формат –Ѕуница фестивал 2012