Како до поголема заштита на самовработените бремени жени и бремените сопруги и животните партнерки на самовработени лица

Анализата е достапна на македонски јазик ТУКА.

Анализата е достапна на албански јазик ТУКА.

Документот за јавни и применети политики „Како до поголема заштита на самовработените бремени жени и бремените сопруги и животните партнерки на самовработени лица: Предизвиците за усогласувањето на Директивата 2010/41/ЕУ во областа на социјална заштита и надоместоци при мајчинство во Република Северна Македонија“ се фокусира на членовите 7 и 8 од Директивата 2010/41/ЕУ кои се однесуваат на социјалната заштита и надоместоците при мајчинство. Со него се прави проценка до кој степен оваа Директива е преточена во македонското законодавство, односно колку ваквите надоместоци се овозможени со македонските закони и подзаконски акти. Текстот увидува каде државата овие прашања ги нема уредено или ги има несоодветно уредено, односно каде е неопходна промена за овие права соодветно да се овозможат за самовработените лица.

Преку анализа на релевантни законски и подзаконски актти, документот дава увид во постојаните извештаи, истражувања и достапните статистички податоци и во програмите и мерките кои се однесуваат на самовработувањето и одговара на прашања како:

-Кои се елементите во врска со самовработувањето, социјалната заштита и надоместоците во случај на мајчинство во Директивата на чие транспонирање треба да се обрне внимание?

-Како се преточени овие елементи во домашните закони и подзаконски акти во домашното право?

-Кои промени се потребни во македонското законодавство со цел соодветна преточеност и примена на Директивата 2010/41 по однос на членовите 7 и 8?

Авторка текстот е Јована Јовановска Кануркова, правна советничка и програмска координаторка за застапување од ЛГБТИ Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Уредничка на публикацијата е Билјана Котевска, истражувачка координаторка од Институт за европска политика (ЕПИ).

Прирачникот е подготвен во рамки на проектот на Мрежата за заштита од дискриминација – „Унапредување на еднаквоста преку следење и зајакнување на системот за спречување и заштита од дискриминација“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.