Во јуни 2020 година неколку граѓански организации, меѓу кои и Коалиција МАРГИНИ, изготвија Извештај за најважните случувања околу состојбата на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија кој даде приказ на имплементацијата на Целите на одржлив развој на Обединетите Нации (UN Sustainable Development Goals). Документот беше поднесен од граѓанските организации согласно параграф 89 од Агендата (A/RES/70/1) и во него се прави приказ на тоа колку Целите на одржлив развој се имплементирани од страна на државата во однос на правата на ЛГБТИ луѓето во државата и истовремено се даваат препораки за подобрување на состојбата. Паралелно со поднесувањето на овој извештај и самата држава поднесува свој Доброволен Национален Извештај, па така извештајот поднесен од граѓанските здруженија има форма на извештај во сенка.
Извештајот беше подготвен и поднесен на англиски јазик од страна на:
1. Наташа Бошкова, Коалиција МАРГИНИ
2. Јована Јовановска Кануркова, ЛГБТИ Центар за поддршка
3. Антонио Михајлов, Субверзивен фронт
4. Биљана Гинова, Независен експерт
5. Вук Раичевиќ, Раководител за застапување, ERA – LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
6. Софиа Баракоу, стажант, ERA – LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey
Целосниот извештај преведен на македонски јазик е достапен на следниот ЛИНК