ПРЕМИНУВАЊЕТО НА ТОВАРОТ НА ДОКАЖУВАЊЕ ВО СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: Анализа и препораки за унапредување на ефективноста на судската заштита од дискриминација (документ за јавни политики)

Целта на овој текст е да придонесе за унапредување на ефективноста на судската заштита од дискриминација во земјава прек критичка анализа на правната рамка и досегашната судска практика, а фокусирајќи се на товарот на докажување. Тој овозможува утврдување дали новината која ја донесе новиот Закон за заштита и спречување на дискриминација во однос на товарот на докажувањето бара усогласување со одредбите од Законот за парнична постапка како општ закон кој ја уредува граѓанската постапка, како и со други закони. Преку преглед, анализа и споредба на европските и домашните право и практика, анализата дава оцена на досегашната примена на ова правило, идентификува проблеми и предизвици поврзани со неговата правилна примена и толкување и дава препораки за нивно адресирање. Документот придонесува за унапредување на ефективноста на судската заштита од дискриминација во земјава преку критичка анализа на правната рамка предвидена во новиот ЗСЗД, која го уредува докажувањето во постапките за заштита од дискриминација како и досегашната судска практика, а фокусирајќи се на товарот на докажување. Документот се заснова врз истражување кое за предмет го имаше товарот на докажување во постапките за судска заштита од дискриминација.

Автор на анализата е Гоце Коцевски. Главни уреднички се Билјана Котевска и Драгана Дрндаревска. Лектурата е на Виолета Танчева-Златева, а графичкото уредување и дизајнот се на КОМА Дизајн.

ПРЕЗЕМИ (македонски)

ПРЕЗЕМИ (албански)