Нееднаквости во здравјето и правата на ЛГБТ- младите на 13 и 15 години во Северна Македонија

Наоди од Студијата – Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11, 13 и 15 год.) HBSCM, 2018

Оваа публикација има за цел да информира за здравјето и за квалитетот на животот на една маргинализирана, исклучена и со тоа високо дискриминирана група млади, врз основа на нивната сексуална ориентација и родов идентитет. Текстот се потпира на истражувачка евиденција од студијата HBSCM „Oднесувања поврзани со здравјето на децата од училишна возраст (11-15 год.)“, која во Северна Македонија се спроведува на секои четири години, од 2002 година до денес.

Публикацијата им е наменета, пред сè, на креаторите на политиките во областа на образованието, но и на оние задолжени за грижата и заштитата на децата и младите, на професионалците што ги застапуваат и ги применуваат овие политики: политичарите, професорите, наставниците, психолозите, педагозите, медицинарите, судиите, полицајците, социјалните работници, како и на сите останати членови на заедницата. Со еден збор на сите оние за кои сметавме дека треба да знаат и умеат, за да се охрабрат да ги отворат прашањата за сексуалноста и родовите прашања, на вистинскиот начин.

Оваа публикација им е наменета и на младите, кои во недостиг од информации засновани на истражувачка евиденција, немаат можности да се запознаат и да разговараат на теми од сексуалноста, за подобро да ги разберат и да ги артикулираат своите чувства и ставови во однос на неа, а потоа и во односот со другите,
поинакви од нив. Наодите во оваа публикација имаат за цел да им помогнат на младите да ги доживеат ЛГБТ-младите, како рамноправни на себе, врсници и соученици, со кои бездруго ги делат сите останати животни предизвици, како и голем дел од прашањата поврзани со идентитетот, припадноста и интимните релации.

ПРЕВЗЕМИ