Прирачник за практиката на Европскиот суд за човекови права за заштита од дискриминација

Прирачникот за примена на практиката на Европскиот суд за човекови права во врска со заштита од дискриминација е создаден со цел да им помогне на правните практичари што не се специјализирани во областа на дискриминацијата да можат полесно да ги применуваат стандардите за заштита од дискриминација.

Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот на Република Северна Македонија се дел од внатрешниот правен поредок, а судовите се должни при одлучување да ги применуваат ставовите изразени во конечните пресуди на Судот. Пресудите донесени од Судот во областа на заштита од дискриминација и нивната примена со случаите на дискриминација на национално ниво, ќе помогнат во воспоставување на силни механизми за заштита од дискриминација кои ќе го преточат домашното и меѓународното право во практика. Затоа, целта на овој Прирачник е да ги прикаже поновите случаи за кои Судот има донесено одлуки, а кои се однесуваат на дискриминација врз основа на род, сексуална ориентација, родов идентитет, здравствена состојба, политичко уверување, етничка припадност, раса и попреченост.

Овој Прирачник е подготвен во рамки на проектот „ЗСЗД под лупа“ што го спроведува Коалиција „Сексуални и здрaвствени права на маргинализираните заедници“ МАРГИНИ во соработка со Мрежата за заштита од дискриминација, а со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Искрено се надеваме дека тој ќе биде корисна алатка за адвокатите, судиите, јавните обвинители, правниците и луѓето ангажирани во институциите и граѓанските организации што се соочуваат со правни прашања поврзани со дискриминација, за тие полесно да можат да ги применуваат ЗСЗД и стандардите на Судот и истовремено да ги штитат од дискриминација граѓаните, особено најранливите.

Издавач: Коалиција „Сексуални и здрaвствени права на маргинализираните заедници“ МАРГИНИ – Скопје,
Мрежа за заштита од дискриминација
Авторки: Маргарита Глигуроска, Александра Цветановска и Јована Јовановска Кануркова
Уредничка: Наташа Бошкова
Лектура: Виолета Танчева-Златева
Графичко уредување и дизајн: КОМА
Тираж: 300
Скопје, март 2020

ПРЕЗЕМИ