МОЖЕ ЛИ ДА СЕ СЛЕДИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЦЕЛ 16.3?

Коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници МАРГИНИ и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ од 2017 година спроведуваат активности за идентификување на надлежни релевантни институции за спроведување на Агендата 2030 и особено потцелта 16.3, како и утврдување на степенот на преземени активности на локално ниво по однос на преточување на оваа конкретна потцел. Односно, сите активности што се преземаат на полето на планирање и спроведување на развојните цели.

Заеднички, почнат е процесот на развивање план и инструменти за прибирање податоци потребни за следење на исполнувањето на потцел 16.3. Имајќи ги предвид комплексните политички процеси во Република Македонија, што во голем дел ги засега целта 16, а особено целта 16.3, потребно е да се идентификуваат и да се прифатат дополнителни индикатори преку кои ќе може објективно да се мери напредокот и постигнувањата во областа, како и прашањата за кои има потреба дополнително да се унапредат.

АНАЛИЗА: ПРЕЗЕМИ

КЛУЧНИ НАОДИ: ПРЕЗЕМИ