Право на родово чувствително училиште : превенција и рана интервенција на родово засновано насилство во училиштата – водич за наставници и стручни служби во училиштата

ПРЕЗЕМИ (македонски јазик)

ПРЕЗЕМИ (албански јазик)

 

Овој водич им е наменет на наставниците и стручните служби во училиштата, но и на останатите возрасни задолжени за грижа и заштита на децата од сите форми на насилство и дискриминација во текот на нивното школување. Тој поаѓа од идејата за наставникот, како позитивен родов модел за идентификација, во училиштата. Наставникот, со своето однесување и став е тој/таа кој може да одигра клучна улога во градењето нови погледи и пристапи кон еднаквоста и недискриминацијата на сите членови на училишната заедница, во која младите, охрабрени и поттикнувани ќе стекнуваат поголема самодоверба во градењето здрави и респектабилни релации со другите. За потоа и самите да станат компетентни во раното препознавање и спречување на родовото и сите други форми на насилство во нивната средина.