Единаесет моќни документарци кои ќе го сменат начинот на кој гледате на сексуалната работа

Единаесет моќни документарци кои ќе го сменат начинот на кој гледате на сексуалната работа

„Сексуална работа“ е сеопфатен термин кој е тешко да се објасни што точно значи. Таа може да биде доброволна или присилна. Таа може да значи што било: од играње на шипка, стриптиз, проституција или терапија. Бидејќи терминот е тежок за објаснување, формирањето на мислење за нејзината дефиниција претставува подеднакво комплексен процес.

 

Едниесетте филмови на оваа листа се движат надвор од границите на индустријата и ни покажуваат колку е широк и разноличен светот на оваа професија. Мнозиството на сексуалните работници/чки не се фантастични бланширани порно старлети со зголемени гради: тие се работни луѓе кои се фрустрираат од ограничувањата на нивните разнолични работни активности, животни стилови и микроеконимии, исто како и секоја друга личност. И покрај напорите на секс позитивниот феминизам за заборавање на грдите делови, навистина постојат сексуални работници кои без сопствена волја се заробени во проституцијата.

 

Она што е посебно во овие документарци е начинот на кој тие успеваат да баласираат помеѓу убавото и болното, надежното и страшното. Какви и да се вашите гледишта во врска со политиките со кои се регулира сексуалната работа, гледањето на овие филмови ќе би овозможи долг и забавен преглед на реалностите во оваа индустрија.

 

1. ‘Live Nude Girls Unite!’

Кога на образованите левичарски квир танчерки во стриптиз барот Ласти лејди во Сан Франциско ќе им се смачи од расните квоти и неправедните отпуштања и кога ќе одлучат да формираат синдикат, тие земаат неколку камери и ја снимаат нивната борба која трае цела година.

 

2. ‘Stripped’

Лоу-фај докуметаерцот на Џил Морли ги разгледува идеите и мотивациите на екипа составена од танчарки во неколку барови и клубови во кои се забавува работничката класа. Преку непосредни интервјуа во домашни и во работни услови, Морли ја поставува сцената за животите на овие жени.

 

3. ‘Buying Sex’

Само неколку документарци за секс индустријата успеваат да го рефлектираат секој аргумент како што тоа го прави овој кандски филм. „Купување секс“ е редок филм во кој има интрвјуа со аболиционисти, но и со сексуални работници и политичари.

 

4. ‘Mutantes: Punk Porn Feminism’

Овој уметнички франциски филм ги претставува старо-новите феминистички порно пионерки Ени Спринкл и Карол Квин, како и хероите на квир заедницата од Беј областа познати по нивиот „џендерфак“ и голотијата какви што се Дел ЛаФрејс Вокано и Лајни Бридлов.

 

5. ‘Whores’ Glory’

Ова е кинематографски најубавиот документарец за секс индустријата кој се уште не е објавен. Филмот го следи животот на сексуалните работници/чки од Тајланд, Бангладеш и Мексико.

 

6. ‘P.O.P Magic City Strippers’

Каде да се започне со објаснувањето на огромната моќ на оваа документарна серија која ги следи танчерките од познатиот црнечки стриптиз клуб во Атланта, Меџик Сити. Како што вели дваесет и две годишната Кали: „Не може баш секој да си го разголи газот и да игра пред луѓе“.

 

7. ‘Meet the Fokkens’

Спремете се да бидете шармирани од страна на седудесет годишните близначки Фокенови кои беа најстарите сексуални работнички во Амстердам пред нивното скорешно пензионирање. Документарецот на невообичаено лесен начин ги разгледува животите на сексуалните работнички, кои често се полни со хумор и апурдности.

 

8. ‘Paris Is Burning’

Познат документарец за таканаречената воуг болс и црнечка дрег сцена во Њу Јорк е познат по тоа што ја има инспиррано Мадона и воуг трендот, но за многумина ова беше прват да видат трансродови сексуални работнички на телевизиските екрани. Венус Екстраваганца отворено зборува за нејзините клиенти и за огромниот број дрег кралици кои работеле како сексуални работници.

 

9. ‘Happy Endings?’

Овој нискобуџтен документентарец зборува за Корејскиот спа салон во Роуд Ајланд, сцената на битката за криминализација на еротските масажи во оваа американска сојузна држава. Во него се вклучени интервјуа со сексуални работнички, но и со полицијата, политичарите, клиентите и разни личности кои економски се поврзани со секс индустријата. Тој е длабок увид со секојдневната борба за моќ помеѓу сексуалните работнички и оние кои имаат намера да го контролираат и регулираат нивниот бизнис.

 

10. ‘Private Practices: The Story of a Sex Surrogate’

Во осумдесетите, Маурин Суливан е секс сурогат чии клиенти се препорачани од страна на терапевти и лекари заради сексуална дисфункција. Сурогатната секс терапија со професионална дозвола воопшто не се разликува од подземната нелегална индустрија која ни е повеќе позната. Па, зошто тогаш една е санкцонирана од стана на државата а другата е криминализирана?

 

11. ‘Client 9: The Rise and Fall of Eliot Spitzer’

>Да, ова е филм кој е направен за да се подобри влошениот имиџ на еден политичар. Но, премотајте ги здодевните делови и ќе се наидете на битен увид во Њујоршата сцена на елитните сервиси за придружба, во поголемиот дел преку интервјуа со поранешни вработени во сервисите за придружба кои скоро никогаш не ја кажуваат целата приказна.

 

Извор: Policy mic