Денешниот ден, 26ти Април, во Шпанија веќе 6 години се одбележува како ден за видливост на лезбејките.

Денешниот ден, 26ти Април, во Шпанија веќе 6 години се одбележува како ден за видливост на лезбејките.

Неколку организации од Латинска Америка и Шпанија кои го одбележуваат овој ден постираат слики од минатото оддавајќи им почит на лезбејките кои го поминале трновитиот пат низ историјата за зголемување на нивната видливост и политичка релевантност. Во исто време  ги повикаа луѓето да го користат хаштагот #HazteVisible („биди видлива“) за да ја пренесат пораката на Твитер.

 

Меѓу останатите кои пишуваат секакви пораки за видливоста на лезбејките низ светот посебно од регионите на Шпанија, Средна и Јужна Америка се огласи и легеднарната музичарка и актерка која се појави во филмовите на Педро Алмодовар (“The Flower of My Secret”) и Џули Тимор(“Frida”), Чавела Варгас. Чавела(92) која за првпат се аутирала како лезбејка на 81 годишна возраст постираше на ТвитерOrgullosa de ser como soy(Горда сум на тоа што сум) иLevantemos la voz que no somos invisibles(Да го кренеме нашиот глас, бидејќи не сме невидливи).

 

Во Македонија ако жените во историјата генерално  биле невидливи, моментално лезбејките се уште поневидливи во нашата јавна сфера па и во самото ЛГБТИ движење. Иако досега постоеле неколку обиди за оформување на лезбејското движење сепак истите не дадоа плодови во однос на развој на движењето и зголемување на видливоста на лезбејките. Во нашето општество каде стратегијата на политичките структури е зацврстувањето на невидливоста на ЛГБТИ заедницата и нивно заклучување во просторот на четири ѕида, лезбејките веројатно стојат на последното скалило во однос на  релевантност на јавната сцена. Со засилената промоција на “традиционалните“ вредности од страна на политичките структури кои се со тенденција на исклучување на сите оние кои не се вклопуваат во рамките на нормативните концепти,  лезбејките остануваат со статус на една група тотално „небитна“ за тангирање на проблематиките во однос на нивните права. Стегите на шовинизмот кој е длабоко присутен во секој сегмент на нашето општество ја зголемува стигмата на македонските лезбејки кои лебдат низ просторот скоро без никаква заштита од дискриминација. Токму поради тоа неколку жени ентузијастки, кои се идентификуваат како лезбејки, политички лезбејки и феминистки,  решија конечно да оформат отпор кон овие тенденции, па ја изградија лезбејско феминистичката група ЛезФем, на која една од целите е токму зголемувањето на видливоста на лезбејките. Во знакот на овој ден потсетуваме и на една од првите акции во Македонија за зголемување на видливоста на лезбејките.

 

Преземено од LGBTI Центар за поддршка