Општество, род, сексуалност, сексуално здравје и МСМ во Македонија

Општество, род, сексуалност, сексуално здравје и МСМ во Македонија

На 06.03 ХЕРА одржа јавна презентација на публикацијата „Истражување во заедницата: Општество, род, сексуалност, сексуално здравје и МСМ во Македонија“ на која учество земаа Нинослав Младеновиќ, советник на постојаниот координатор на ОН за ХИВ/СИДА- УНАИДС фокален контакт, Славчо Димитров автор на студијата и извршен директор на Коалицијата за заштита на сексуалните и здравствените правата на маргинализираните заедници и Драшко Костовски, втор автор и програмски директор на ХЕРА.
Ова истражување во заедницата има за цел да обезбеди опис и темелна анализа на различните родови и сексуални идентитети, сексуално однесување и практики, како и сексуални здравствени потреби на мажите кои имаат секс со мажи во различни социо-културни средини во Македонија.

 

На дискусијата зедоа учество главните актери кои се одговорни за креирање на идни програмски интервенции за превенција на ХИВ, како и стручната јавност посветена на родовите прашања, како и на учеството и на правата на ЛГБТК, односно претставници од граѓанскиот сектор, претставници на одговорните државните институции, организациите на Обединетите нации и универзитетите. Публикација е изработена со техничка и финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

 

Преземете ја публикацијата на македонски и англиски.