Марш на црвениот чадор

Марш на црвениот чадор

Традиционално, СТАР – првиот колектив на сексуални работници по 11-ти пат го организираше Маршот на црвениот чадор, приклучувајќи се кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Маршот се одржа денеска (17.12) во 12:00 часот.

,,Со пораката ‘Декриминализација сега!’ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање безбедни услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација”, велат организаторите.

Иницијативата за одбележување на овој ден доаѓа од д-р Ени Спринкл со една единствена цел – поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон. Убиецот изјави: „Сакав да убијам колку што можев повеќе. Знаев дека никој нема веднаш да ги пријави за исчезнати, па дури можеби и никогаш нема да бидат пријавени. Собирав проститутки затоа што мислев дека можам да убијам колку што сакам од нив без да бидам фатен”. Гери Лајон Ридвеј беше осуден на доживотна казна затвор и му беше изречена парична казна во висина од 10000 долари за секоја убиена жртва на 18-ти декември 2003 година.

фото: Ванчо Џамбаски