Жените што ја изградија Социјалистичка Југославија

Жените што ја изградија Социјалистичка Југославија

Од Theodossis Issaias and Anna Kats

Забелешка на уредникот: За американските уши, спомнувањето на Југославија – поранешната федерација што содржеше шест балкански републики и Косово – потсетува на бомбардирачките кампањи, крвави етнички судири и големите неуспеси на социјализмот од 20 век. Сепак, децении по нејзининото разидување со Сталинскиот СССР во 1948 година, а подоцна и со посредувањето на Движењето на неврзаните, Југославија беше просперитетна земја, уникатно позиционирана меѓу Запад и Исток и ориентирана кон Глобалниот Југ.

Кон бетонска утопија: Архитектурата во Југославија, 1948-1980, дебитантската изложба на главниот кустос за архитектура и дизајн при MoMA Martino Stierli, документира како зградите и луѓето зад нив придонесоа за модернизација и социјална кохезија на историски мултиетничкиот регион. Овој есеј става акцент на влијателните жени од овој период и нивните неверојатно оригинални дела.

Во наративот за создавањето на Социјалистичка Југославија, жената-партизанка ја добила својата еманципација со пушката. Активностите на Антифашистичкиот фронт на жените за време на Втората светска војна, кои се протегаа од вооружена борба до граѓанска политичка организација, доведоа до унапредување на феминистичките каузи и зацврснување на положбата на жената во создавањето на социјалистичката федерација. Со транзицијата кон граѓански живот, првиот поствоен устав на Југославија од 1946 година, недвосмислено им овозможи на југословенските жени целосно државјанство, и тоа со гаранција за правото на глас на сите граѓани без оглед на полот, како и со обезбедување посебна заштита за местото на жените во процесот на производство. Уставот исто така се придржуваше кон едно од основните начела на социјалистичко-марксистичката идеологија; односно еманципацијата на жените зависи од егалитарната дистрибуција на богатството и обратно.

Сепак, системската нееднаквост се задржа. Родовата нееднаквост не беше препознаена како автономен проблем, туку беше опфатена со општиот дискурс на класната борба и самоуправувањето. Ваквата положба го оневозможуваше напредокот на жените на лидерски позиции, а архитектонската професија не се покажа како исклучок. Малкумината жени архитекти кои на крајот управуваа со јавни функции, го сторија тоа, и покрај тоа што не ја уништуваа регионалната и професионалната култура во која доминираат мажите. Придонесите на жените-архитекти, кои премногу често се изоставени од историјата на архитектурата на Социјалистичка Југославија, мора да се видат во однос на успесите и неуспесите на ова уставно ветување за еднаквост.

 

Не може да се игнорира извонредниот напредок што жените го направија во децениите по Втората светска војна. Нивниот упис во високото образование постепено се зголемуваше во првите три децении по војната; до 1962 година, 45 отсто од дипломираните студенти на Архитектонскиот факултет во Загреб беа женски. Исто така се зголеми и присуството на жените на работните места; ако жените сочинуваа 24,5 отсто од активната работна сила во 1948 година, тие исполнија целосна третина до 1978 година. Но, овие напредоци не беа доволни за да ги уништат реакционерните претпоставки за родовите улоги во рамките на домаќинството и пазарот на трудот. Во 1971 година жените исполнуваа помалку од 10 проценти од менаџерските позиции. Истовремено, нуклеарното семејство во кое двајцата родители се вработени стана основна економска единица во Социјалистичка Југославија, и додека законските одредби како што е платеното породилно отсуство олеснуваа дел од семејниот товар, неплатената работа во домаќинството остана речиси целосно задача на жената .

Сеопфатното преструктуирање на домашната средина, со опсег од индивидуалниот стан до соседството, ја преокупираше поствоената генерација архитекти. Жените често преземаа водството во напорот да се трансформира домувањето и домашната сфера преку истражувачки проекти, публикации и дидактички изложби, градејќи врз основа на наследството на претходната генерација на жени кои влегоа во архитектонската професија преку внатрешниот дизајн и применетата уметност. На пример, архитекти како Бранка Танциг Новак (1927-2013), која беше пионер во дизајнот на префабрикувани кујни, на тој начин го насочи своето внимание кон модернизацијата на домаќинството.

Индивидуалната студиска пракса и степенот на авторски заслуги што таа ги дава честопати се покажа како неодржлив професионален модел за жените, па тие неретко влегуваа во професијата како вработени во истражувачки институти или во одделенија за дизајн во големи градежни компании. Мимоза Несторова-Томиќ (р.1929), на пример, асистираше во Институтот за планирање и архитектура во Скопје, во тесна соработка со тимот на Кензо Танге за шемата за реконструкција на македонската престолнина по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Плодна архитектка – та го дизајнираше прославениот Музеј на Македонија (1963-72) со Кирил Муратовски (р.1930). Несторова-Томиќ стана директорка на Институтот две децении подоцна.

Милица Штериќ (1914-1998) претставува апогеј на оваа траекторија за жените. Во 1947 година, по кратката работа во Министерството за градежништво, таа го надгледуваше Одделот за архитектура и урбанизам во државната градежна фирма Енергопроект, која беше задолжена за многу важни инфраструктурни проекти низ цела Југославија и во странство. Нејзиното вешто менаџирање управуваше со сложените геополитички односи на компанијата низ цела Африка, на Блискиот Исток и на домашен план, овозможувајќи и издигање во корпоративната хиерархија на извршно место во управниот одбор на Енергопроект. Таа на крајот стана помошник-генерален директор на целата компанија и ја дизајнираше првата централа на Енергопроект (1956-60). Импозантното присуство на 13-катната кула на комплексот и напредната инсталација на завеса-ѕидови системи ги најавија технолошките амбиции на компанијата и служеа како алатка за брендирање.

 

Како плоден главен дизајнер и сопственик на студио, црногорската архитектка Светлана Кана Радевиќ (1937-2000) беше редок исклучок од нормата на женски дизајнери кои често остануваа анонимни соработници. Радевиќ дипломира и на Факултетот за архитектура и на Одделот за историја на уметност на Универзитетот во Белград и победи на натпреварот за дизајн на Хотел Подгорица (1964-67) во црногорскиот главен град кратко потоа. Таа доби национално значење во 1967 година, кога ја доби федералната Награда Борба за архитектура за овој проект. Зградата го следи кривулестиот кеј на реката Морача на кој стои, овозможувајќи симбиотска врска помеѓу планот и локацијата. Засечените трикатни ѕидови, импрегнирани со локални речни камчиња, ја врамуваат станбената зграда и заедничките објекти, и нивните материјали ги изедначуваат пејзажот и зградата. Проектот покажува дека Радевиќ не само што ги апсорбирала формалните тенденции од современиот брутализам туку измислила идиосинкратски формален лексикон, кој таа продолжила да го развива откако добила Фулбрајтова стипендија да студира со Луис Кан на Универзитетот во Пенсилванија во 1972 година. (Радевиќ била една од многуте југословенски архитекти кои привремено студирале или да работеле на Запад – во некои случаи, заедно со професионалци како Кан и Ле Корбизје.) По нејзиното враќање во Југославија, таа дизајнираше голем број проекти, најзабележливо хотелот Хотел Златибор (1975-81) , монолитната бетонска кула во западниот српски град Ужице. Како активен агент во глобалните архитектонски мрежи, таа работеше со метаболистичкиот архитект Кишо Курокава во Токио и беше избрана за странски член на Руската академија за архитектура и градежништво во 1994 година.

Денес хотелот на Радевиќ во Подгорица и зградата на Енергопроект на Штериќ се наоѓаат под закана: контекстуалниот интегритет на првиот е загрозен од изградбата на соседна 12-катна кула, а зградата на Штериќ, лишена од нејзината оригинална фасада, постои само како бетонски скелет. Новата историографија на југословенската поствоена архитектура не може сама да го спаси изграденото дело на овие архитекти, туку треба да ги преиспита своите наследства. Хотелите на Радевиќ, префабрикуваната кујна на Танциг, истражувачките анкети на Иваншек, менаџерското наследство на Штериќ и урбанистичките планови и музеи на Несторова-Томиќ сведочат за мноштвото и разновидноста на достигнувањата на овие архитекти во Социјалистичка Југославија. Оние професионалци кои ги поместиле професионалните парадигми, го сториле тоа дури и кога архитектонската професија не успеала да развие паритет.

Извор