НАТАША БОШКОВА

НАТАША БОШКОВА

 

Наташа Бошкова дипломира право во 1999 на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, Република Македонија. Во 2008 година станува магистар по родови студии на Центарот за интердисциплинарни постдипломски студии при Универзитетот во Сараево, Босна. Работи како правник во Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници  каде стратешки застапува случаи на прекршување на човековите права на корисниците на дроги, сексуалните работници/чки, ЛГБТ луѓето и луѓето што живеат со ХИВ/СИДА.