Коалиција Маргини и ХЕРА спроведоа истражување со цел да ги испитаат знаењата, ставовите, капацитетите, практиките и потребите на актуелните народни избраници и избранички во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и нивната заштита од дискриминација.
Собранието на Република Македонија е надлежно да донесува нови и да изменува и дополнува постоечки закони, па поддршката од мнозинство пратеници и пратенички е неопходна за подобрување на законската рамка за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Резултатите од предвремените парламентарни избори од 2016 година ги зголемија очекувањата на ЛГБТИ активистите, но и на меѓународната јавност во однос на создавање политичка волја за донесување закони и политики со кои Република Македонија ќе ги исполни преземените обврски и ќе ги пресретне континуираните барања за унапредување на правата на ЛГБТИ.
Скратеното издание можете да го преземете на македонски, албански и англиски јазик.