Колку се еднакви и безбедни младите во Mакедонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства? | За сексуалноста и сексуалното здравје низ родовата припадност, улоги, однесувања и детските права | Податоци од HBSCM истражувањето со млади на 15 години

Преземи

Оваа публикација, во најголем дел се потпира на истражувачки резултати за сексуалните однесувања, интереси и заштита кај младите (15 год.) од Македонија, добиени со нивно директно учество во меѓународната лонгитудинална (HBSC)1 студија.

Појавата на оваа брошура е резултат на зголемениот интерес за овие прашања во образованието и детската заштита, што беше предизвик за нас, членовите на истражувачкиот тим на HBSCM студијата: д-р Емилија Ѓеоргиевска-Наневска, Теодора Маневска, м-р Ана Стојанов и јас, овие прашања да ги истражиме, и да ги поврземе со правата на децата на безбедност, учество и недискриминација. Ние, заедно со останатите членови: д-р Ќосевска Елена, м-р Рахиќ Бисера и м-р Касапинов Блашко, од Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ) на Р. Македонија, како и м-р Османи – Балажи Шерузе, од Тетовскиот Универзитет, го сочинуваме постојаниот истражувачки тим на HBSC Студијата за Македонија, под раководство на Центарот за психосоцијална и кризна акција (ЦПКА) од Скопје.

Во исто време, имавме задоволство и чест, „Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници (СЗПМЗ)“ во Р. Македонија, како водечка организација за родови прашања и сексуално-здравствени права на младите, да покаже интерес за резултатите од ова истражување и да ја објави оваа брошура.

Лина Ќостарова Унковска