Медиумите се столб во општеството и тие треба да бидат признати како партнери во борбата против родово базираното насилство и да ја зголемат својата улога во заложбите за родова еднаквост. За да ја извршат таа улога, тие треба да бидат соодветно обучени, сензибилизирани и едуцирани.
Земајќи ги предвид постојните анализи и материјали, а во насока на зголемување на обемот на знаења во делот на улогата на медиумите и родово базираното насилство, ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје и партнерските организациии Коалиција „Маргини“ и Националната мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, пристапија кон создавање на специјално изготвени модули кои ќе значат нови, современи насоки за соодветно надградување на вештините и знаењата на различни видови медиумски професионалци (новинари, репортери, истражувачки новинари, уредници, лица од менаџментот итн.).
Програмата, составена од три модули, која ви ја претставуваме во овој документ, е конципирана така за да бидат тие лесно достапни до сите заинтересирани страни од областа на медиумите, кои понатаму ќе можат да ги користат во подготвувањето на обуки, работилници, едукации, а со цел медиумските работници да добијат напредни сеопфатни знаења и напредни вештини во областа на родово базираното насилство. Модулите се напишани од долгогодишни стручњаци со различни профили: експерти од областа на медиумите, долгогодишни искусни експeрти од областа на правото, социјалниот систем и психологијата, како и експерти од областа на родовата еднаквост.
Во овој документ “Модули за зголемување на медиумската писменост за родово базирано насилство и насилство врз жените и девојките”, ќе имате можност да ги добиете следните модули:
Создадените модули можат да се користат од сите типови на медиуми: пишувани, телевизиски, радио, како и онлајн медиуми.
Оваа публикација е изработена во рамки на проектот „Со различен диксурс до подобра реалност, медиумите во борбата против родово базирано насилство – зајакнување на медиумската писменост за РБН“, имплементиран од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во партнерство сo Коалиција Маргини и Национална мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, во рамки на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените и девојките: Имплементирање на норми – промена на ставови.“
Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е предмет на единствена одговорност на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и нужно не ги одразува ставовите на Европската Унија.
Документот е достапен на македонски јазик ТУКА.