Геј Чилеанец почина во болница по претепувањето од страна на нео-нацисти

Геј Чилеанец почина во болница по претепувањето од страна на нео-нацисти

Даниел Замудио, дваесет и четири годишен Чилеанец кој имаше сериозни повреди на мозокот како последица од претепувањето од страна на четворица членови на нео-нацистичка банда во Сантијаго, по тринеделна кома во болница вчера им подлегна на повредите.

 

Замудио беше насилно нападнат во парк во чилеанската престолнина на почетокот на март. Четворицата напаѓачи се уапсени и се наоѓаат во притвор.

 

Според сликите кои ги објави неговото семејство, Замудио добил тешки удари во главата. Неговото тело било изгорено од цигари и обележано со свастики.

 

Чилеанската полиција приведе четири мажи на возраст помеѓу деветнаесет и дваесет и пет години кои се осомичени за убиство во обид – кое по смртта на Замудио ќе биде заменето со посериозно обвинение за убиство. Осомничените одрекувале дека се вмешани во убиството, но секој од нив претходно бил осудуван за насилства потикнати од ксенофобија.

 

Нападот врз Замудио предивика револт во Чиле, и случајот е внимателно следен од медиумите и граѓаните.

 

Како одговор на трагедијата, јужно-американскиот пејач Рики Мартин на својот твитер профил објави „Престанете со омразата, престанете со дискриминацијата. Се надевам дека правдата веднаш ќе биде задоволена. Многу светлина за Даниел и неговото семјство.“

 

Бој Џорџ со своите фанови, исто така, сподели текст за Замудио во кој вели „Ова е одвратно! Ајде Чиле! Молитви за Даниел!“.