СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА СТАВИ КРАЈ НА КЛАСИФИКАЦИЈАТА НА ТРАНС-ИДЕНТИТЕТИТЕ КАКО МЕНТАЛНА БОЛЕСТ

СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА СТАВИ КРАЈ НА КЛАСИФИКАЦИЈАТА НА ТРАНС-ИДЕНТИТЕТИТЕ КАКО МЕНТАЛНА БОЛЕСТ

Светската здравствена организација денес објави онлајн верзија на Меѓународната класификација на болести -ИЦД 11 која ги отстранува транс-идентитетите од поглавјето за нарушувања на менталното здравје. Ова е историско достигнување за кое глобалната транс-заедница се бореше многу години. Тоа претставува основа за новото време на репарација за направената неправда и прослава на родовата различност.

Сите дијагнози поврзани со трансродовоста се отстранети од поглавјето Ментално нарушување на здравјето. Додадено е ново поглавје – Состојби поврзани со сексуалното здравје, кое вклучува нова дијагноза за неусогласеност на родот. Постои надеж дека оваа промена ќе даде пристап до грижа за родова афирмација, а истовремено ќе ја заврши долгата историја на таканаречените “терапии за конверзија”, принудната медикализација, присилната хоспитализација и присилната стерилизација на транс и родово различните луѓе.

Julia Ehrt, извршна директорка на ТГЕУ, за ова соопштение вели: “Ова е резултат на огромните напори на транс и родово различните активисти од целиот свет и новното инсистирање на нашата човечност и зачудена сум што СЗО се согласува дека родовиот идентитет не е ментална болест “.

Историски, патологизацијата на родовиот идентитет во текот на изминатите децении придонесе за огромна стигма, дискриминација, вознемирување, криминализација и злоупотреба врз основа на родовиот идентитет и изразување. Има уште многу работа за да се осигура дека транс и родово различните луѓе ќе можат да живеат со целосно исполнување на човековите права, но оваа фундаментална промена сигнализира признавање дека изразите на целосните различности на родот не се ментални болести и не треба да бидат стигматизирани.

“Ги повикуваме креаторите на политики да го следат примерот и да го засноваат законското признавање на родот исклучиво врз самоопределувањето на лицето”. Додава Ehrt

Извор