Маркетинг агенција се извини за кампањата во која тофу сирењето било наречено геј месо

Маркетинг агенција се извини за кампањата во која тофу сирењето било наречено геј месо

Идејата за рекламата на германски ресторан кој тофу сирењето го нарече геј месо стана вирална во земјата откако беше октирена на сајт за натпревар помеѓу брендови.

 

Шолц и пријателите ја дизајнираа рекламата за ланец на ресторани во која било прикажан стек со зборовите ‘Tofu ist schwules fleisch’, но никогаш не била прикажана јавно, известува Шпигел.

 

Порпаролот на Шолц и пријателите изјави за Шпигел дека компанијата се извинила за рекламата која била хостирана на сајтот Art Directors Club откако кампањата добила награда на натпреварот за кој била дизајнирана.

 

Сликата со стекот била прикажана на Art Directors Club сајтот заедно со други слики од мок ап кампањата без ниту една примедба уште во 2009-та.

 

Креаторите на кампањата изјавија дека тоа не би го направиле денеска и дека жалат што ги повредиле чувствата на хомосексуалците.

 

Твитер корисниците активно ја следат оваа германска реклама која ефикасно успева да ги навреди геј луѓето со само четири збора, под хаштагот #tofuschwuchtel.

 

Ланецот на ресторни за кого била наменета рекламата, Маредо, соопшти дека креаторите на рекламата за ресторанот само сакале да ја искористат за натпреварот, но дека споствениците на ланецот никогаш не ја виделе сликата.