Анонимус го сруши сајтот на баптистичката црква Вестборо

Анонимус го сруши сајтот на баптистичката црква Вестборо

Онлајн активистичкото движење Анонимус го сруши веб сајтот на баптистичката црква Вестборо, која е основач на кампањата „Господ ги мрази педерите“ во рамките на која се протестира на погребите на американски војници за чија смрт како причина го посочуваат прифаќањето на хомосексуалноста во САД. Се верува дека оваа црква претходно се заканувала дека ќе ги сруши сајтовите на Анонимус.

 

Анонимус го сруши главниот сајт на црквата заедно со други сајтови вклучувајќи ги и PriestsRapeBoys.com, но исто така и GodHatesAmerica.com, GodHatesTheWorld.com, JewsKilledJesus.com и AmericaIsDoomed.com.

 

Една страница од сајтовите која сеуште е онлајн го содржи писмото на групата Анонимус во кое се вели дека сајтот на црквата е превземен од страна на Анонимус според членот 14 од правилникот за Интернет.

 

Црквата е позната и по тоа што започна кампања со која промовираше омраза кон Анонимус и во која тврдеше дека групата се наоѓа под закана, иако на овие обвинувања Анонимус соопштија дека се работи за лага и медиумски трик.

 

Во постот во кој го соопштија хакирањето на веб страната на црквата, Анонимус велат: „Постојано ја гризете раката на Анонимус, меѓутоа тоа само ви донесе бесчуствителен шамар во лице во форма на оваа порака. Иако го поседувавме знаењето за да го хакираме вашиот сајт и претходно, одлучивме да не го правиме тоа и одговоривме зрело на вашите закани, но вие не го почитувавте тоа“.

 

„Сфатете го ова искривоколчување на вашиот сајт како едноставно предупредување: Одете си! Светот, вклучувајќи го и Анонимус, не се согласува со вашите пораки во кои промовирате омраза, но сепак го имате правото да ги соопштувате. Но, ова не значи дека може да му се нафрлате на Анонимус за да привлечете внимание.“

 

Пораката завршува со изјавата; „Господ ги прази педерите- претпоставка. Анонимус ги мрази крвопиите – факт.“