13 Mar Во Ирак се масакрираат лица кои се сметаат за „емо“ и ЛГБТ
Од 6-ти февруари годинава пристигнуваат голем број на извештаи во кои се вели дека моралната милиција во Ирак извршува напади, киднапирања, измачување и убиства на лица кои имаат „емо“ имиџ и кои се сметаат за геј, лезбејки или транс лица.
Овие настани се случуваат генерално во Багдад, но и во други јужни провинции на земјата.
„Емо“, што претставува кратенка од „емоционален“ или емокор, потекнува од американската музичка хардкор панк сцена која се појави во 80-тите и која во најголем број привлече лица кои се адолесценти.
Според извештај на локален ЛГБТК активист, првото убиство се случило на 6-ти февруари во областта Садр Сити во Багдад, а последните две убиства се случиле на 7-ми март на две дваесет годишни жртви од женски пол во областа Шааб, исто така, во Багдад.
Во Ирак изминатава година се крена морална паника со која „емо“ младината беше означена како група на прељубници, станисти, вампири и сексуално непогодни лица.
Според Ирачки извор моралната милиција пред еден месец ги предупредила „емо“ и ЛГБТ лицата дека ќе бидат ликвидирани. Постери со закани биле поставени низ кафулиња и улиците низ Багдад.
Локалните медиуми во Багдад известија дека масакрите на „емо“ младината и ЛГБТ лицата се случуваат во областите Садр, Чаала, Албаладиат, Багдад Ал-Џеда, Карада и Кадјимиа. Бројот на жртвите се проценува помеѓу 56 и 100 лица.