25 Jan Протестот на жените ги вклучува и сексуалните работнички
Јас сум мајка, баба, прабаба и јас сум сексуална работничка. Додека стојам овде денес, гледам и се прашувам колку од нас намерно или ненамерно газат врз нашите сестри? Под влијание на разорувачкото бреме на патријархатот ние се разидуваме, правиме поделби и се замолчуваме една со друга. Истренирани сме да дејствуваме под велот на моралните норми и расудување, притиснати од законите – се’ она што не’ спречува да разговараме, да застанеме едена до друга и да го задржиме погледот кон свет заснован на права во кој еднаквоста е реалност. Ваквата доктрина е длабоко вкоренета во плетката на женското минато и не можеме да ја избегнеме. Но, сега сме во момент од историјата во кој мораме да се одучиме од ваквиот вредносен систем. Бидејќи ако се преправаме дека во нас не постои хиерархија, продолжуваме да се разидуваме, делиме и замолчуваме една со друга. Ќе продолжиме да ги позиционираме неколкуте избрани во центарот на паролите #MeToo, #TimesUp и #AllWomen, место кое ќе биде спорно за оние кои и онака ги замолчува во голема мера. Имаме голема одговорност една кон друга да се запрашаме што сме постигнале одврзувајќи ги чворовите ако продолжиме цврсто да го држиме јажето.
Сакам движењето за правата на сексуалните работнички да го гледаме како решение, а не како проблем. Ние сме силна и жестока заедница на секоја боја, секоја раса, секој идентитет, секој облик, секоја економија, секоја религија и многу повеќе од тоа. Сексуалните работнички беа во Обединетите Нации, бевме во Белата Куќа, во моментов сме во Деветиот округ борејќи се за целосна декриминализација и успеваме! Кога буквално легнуваме на подот на Сенатот за да бидеме уапсени за здравствено осигурување, кога криминализацијата се’ уште влијае на луѓето кои живеат со Х.И.В. и СИДА, кога судовите континуирано удираат по репродуктивните права, здравјето и правдата, кога силуваните жени се’ уште стојат на „рекла-казала“ платформи, кога достапноста за нега на деца е се’ уште отсутна, кога гласовите на трансродовите луѓе врексаат и молат да престанат нивните убиства, кога жените се’ уште ја плаќаат цената да се биде сопруга и мајка наспроти растечка кариера, кога сексот е криминализиран во правните и моралните судови, кога семејствата остануваат без дом заради гентрификацијата, кога жените се’ уште имаат помали плати од мажите, кога децата се гладни во најразвиента нација на светот, кога обоените луѓе во САД се притворани во процент кој на големо ги надминува процентите на притворање на глобално ниво, кога крвта за нафта ги уништува татковините, кога градската вода е отровна и не се пие, кога групи на луѓе се депортирани зошто сонуваат… Кога владата брутално го напаѓа она за кое сме се бореле: На фронтот, ќе стоите до сексуална работничка.
Имам видено многу нешта. Живеев со генерациите кои се бореа на улиците за признанијата и правата кои ги имаме денес. А сега, живеам со генерацијата која ќе го носи истиот распален факел – подалеку и поразлутено. Ја поздравувам секоја жена тука, денес. Застанете зад својата вистина, а не зад осудата. Застанете една до друга и прашајте се – „Дали те газам?“
Ја живеам мојата вистина. Повеќе никому не давам дозвола да ме гледа како нешто помалку од она што сум. Не ја порекнувај мојата женственост. Јас сум сексуална работничка. Имам право да бидам тука. Искористете го својот глас правилно! Живејте ја својата вистина! Запалете се’ и издигнете се од пепелта!
Благодарност до Cris Sardina од Desiree Alliance која зборуваше за СИТЕ сексуални работнички на Националниот протест на жени во Лас Вегас. Ова е нејзиниот говор!