02 Mar Директорка на средно училиште во САД даде оставка откако изјави дека „геј луѓето ќе одат во пеколот“
Директорка на средно училиште во државата Тенеси во САД поднесе оставка по обвинувања дека на геј ученици им кажала дека ќе одат во пеколот. Џексон Сан извести дека Дороти Бонд од средното училиште Хејвуд Коунти вчера поднесе оставка.
Бордот на училиштето соопшти дека го признава правото на своите ученици на слободен говор и се залага за создавање на атмосфера на толеранција, различност и зачувување на високите академски стандарди.
Бонд беше обвинета за давање на хомофобично коментари на состанок со учениците од Хејвуд Коунти, но се уште не одговорила лично на нивните пријави.
АБЦ 24 ја пренесе изјавата на еден ученик во која се вели дека таа директно ги посочила геј луѓето и им рекла дека доколку сте геј ќе одите во пеколот, а доколку сте бремени вашиот живот е завршен.“
Во други извештаи било забележано дека Бонд има кажала на геј ученици дека не се на „Божјиот пат“ и дека си ги „уништуваат животите“.
Амеркинската унија за граѓански слободи објави дека и биле доставени пријави дека Бонд им рекла на геј учениците дека можат да бидат суспендирани или избркани од училиштето доколку имаат физички контакт помеѓу себе.
За време на инцидентите, општината во која се наоѓа средното училиште соопшти дека на подржува дискриминација на управителите, наставниот кадар, или учениците на основа на пол, раса, боја, религија или национално потлекло.