28 Sep Настапите на Mashrou’ Leila во Египет забранети заради ‘знамето на виножитото’
Синдикатот на музички професии им забранува на Mashrou’ Leila да настапуваат во Египет по концертот Music Park, кој се одржа во Каиро на 22-ри септември, каде што толпата го крена знамето на виножитото за поддршка на ЛГБТК заедницата во Египет.
Претставникот од Синдикатот на музичките професии Reza Ragab ,во интервју со ТВ водителот Mahmoud AbdelHalim на каналот AlAssema, изјави дека синдикатот одлучил да ги забрани претстојните концерти на групата Mashrou’ Leila.
Иако улогата на Синдикатот на музичките професии не е “да ограничува”, вели Ragab, ние спречуваме такви групи и музичари да излезат на сцената бидејќи изведуваат “ненормална уметност”, додава тој.
Mashrou’ Leila е шестчлена група која го спојува занаетчиството на музичката работилница со директноста на стадионската рок-музика. Тие имаат настапувано во живо во Либан, Каиро, Аман, Истанбул, Дубаи, Тунис, Париз, Амстердам, Монтреал, Женева, Србија, како и на меѓународни фестивали како Byblos, Baalbeck и Exit.
На групата претходно и’ беше забрането да настапува во Јордан.
Ова не е прв пат некој да го подигне знамето на виножитото на концертите на Mashrou’ Leila во Каиро. Во 2016 година, Mashrou’ Leila одржаа концерт на Американскиот Универзитет во Каиро (АУЦ), кога еден од фановите го поздрави бендот подигнувајќи го знамето.
Пејачот на либанскиот инди-бенд Hamed Sinno истакна колку е горд и колку храбар потег е фановите да го подигнат знамето во Каиро.