27 Feb Либерискиот сенат разгледува анти-геј закон
Либерискиот сенат соопшти дека на дневен ред ќе го стави законот со кој ќе се зголемат казните за геј луѓето во оваа западно африканска земја.
АП објави дека дури и ако законот, со кој геј сексуалните врски би станале кривично дело од прв степен, биде изгласан, претседателот Елен Џонсон Ширлиф нема да го потпише. Меѓутоа, постојат контрадикторни извештаи за тоа кои санкции се предвидуваат со законот.
Џувел Хувард Тејлор, сенатор и бивша жена на поранешнииот претседател Чарлс Тејлор, е одговорна за пишувањето на овој закон.
Таа изјави за АП: „Ние само сакаме да го засилиме постоечкиот закон. Некои медиуми известија дека јас имам изјавено дека секој што ќе биде прогласен за виновен за учество во хомосексуален акт треба да добие смртна казна. Јас тоа го немам изјавено. Јас се залагам за закон со кој геј односите ќе бидат сметани за кривично дело од прв степен“.
Преставник на Хаувар-Тејлор преку и-мејл на PinkNews.co.uk му потврди дека кривично дело од прв степен предвидува казни од една година затвор до доживотно и смртна казна доколку судијата донесе одлука дека се работи за „екстремен случај“.
Со предложениот закон би се промениле и законите за домашни партнерства во Либерија забранувајќи го геј бракот во ист ранг со инцестуозните партнерства.
Во еден амандман на предложениот закон се вели: „Две личности од ист пол нема да можат да имаат сексуален однос. Прекршувањето на оваа забрана ќе биде третирана како кривично дело од прв степен.”
Според извештајот на ИЛГА за 2008-та, сексуалниот акт помеѓу лица од ист пол во Либерија во моментов се казнува како прекршок до една година затвор.