Фудбалската асоцијација на Велика Британија промовираше иницијатива против хомофобијата

Фудбалската асоцијација на Велика Британија промовираше иницијатива против хомофобијата

Фудбалската асоцијација на Велика Британија завчера промовираше нова инцијатива за промоција на инклузивност за геј, би и транс лица во фудбалот.

 

Промоцијата на иницијативата „Отворање на вратите и приклучување“ вклучуваше акциски план во шест точки за образование, видливост, партнерство, признавање, известување и мониторинг.

 

Меѓу говорниците на самата промоција која се одржа завчера, се најдоа Бен Самерскил, извршниот директор на Стоунвол и поранешниот англиски фудбалер Џон Скејлс.

 

Генералниот секретар на фудбалската асоцијација на Велика Британија, Алекс Хорн, изјави: „Доколку ме прашате дали постојат професионални играчи на фудбал кои се геј, ми поставувате погрешно прашање. Поентата на денешниот настан и акцискиот план е овозможувањето на било кој да учестува во нашиот спорт без страв“.

 

„Доколку некој е геј, ние сакаме таа личност да се чувствува безбедно доколку одлучи да јавно да ја искаже својата сексуална ориентација и да знае дека нема да биде предмет на злоупотреба и исмевање“.

 

Но, постојат стравови дека иницијативата не препорачува доволно видливи цели.

 

Активистот за човекови права, Питер Тачел, кој претходно беше член во работната група за антихомофобија на Фудбалската асоцијација, рече: „Оваа нова иницијатива е пожелна и добродојдена, но полна со нејасни и генерални барања. Таа не содржи специфични и јасни предлози. Вредна е, но е неквалитетна. За жал, таа нема да има голем импакт во јавноста“.