Делегатскиот дом на Мериленд го одобри законот за истополови бракови

Делегатскиот дом на Мериленд го одобри законот за истополови бракови

Делегатскиот дом на Мериленд усвои закон со кој се легализира истополовиот брак кој се очекува да биде изгласан и од сенатот на државата и кој веќе ја има подршката на гувернерот Мартин О’ Мелеј.

 

Законот беше усвоен со 71 глас „за“ и 67 „против“ во домот предводен од Демократите. Ова преставува тема за граѓанските права на нашата генерација“ – рече Кифер Џ. Мичел Џуниор, демократ од Балтимор. „Целосно сум обземен“ – Њујорк Тајмс ја пренесе изјавата на Лук Клипингер, еден од седумте членови на домот на делегати на Мериленд кој е отворено геј.

 

Ентони О’Донел, лидер на републиканската опозиција, вели дека гласањето преставува само „почеток на процес, а не неговиот крај. Граѓаните на Мериленд ќе го имаат последниот глас.“

 

Порано овој месец, четиринаесетгодиншно девојче побара забрана за геј бракот како желба за нејзниот роденден.

 

Минатата недела, пак, гувернерот на Вашингтон го потпиша законот за истополови бракови.

 

Демократскиот гувернер на Мериленд, Мартин О’, всушност самиот го претстави законот за истополиви бракови. Неговата кампања во 2010 за да го обезбеди вториот мандат се базираше на ветувањето дека ќе работи на воведување на еднаквост помеѓу браковите додека е на функција.

 

Сличен обид во 2011-та не успеа да пројде низ законодавниот дом на државата, но исто така и обидите да се воведе уставна забарана на геј бракот беа неуспешни.