07 Jul Народниот правобранител утврди дискриминаторска содржина во учебникот „Општество“ за 4-то одделение
Соопштение до медиуми 07.07.2017
Известување од Народен Правобранител
Народниот Правобранител позитивно се произнесе во однос на претставката која беше поднесена со помош на Коалицијата СЗПМЗ која најпрво беше иницирана од 40-тина мајки кои живеат во еднородителски семејства, вонбрачни заедници и брачни заедници, поддржани дополнително и од страна на останати 8 организации. Имено, овие засегнати страни укажуваат на повреда и вршење на дискриминација врз основа на брачен и семеен статус и религија во областа на образованието. Поради ваквите дискриминаторските содржини во учебникот „Општество“ за 4-то одделение на авторката Билјана Живковиќ, истиот ќе биде ревидиран и во однос на спорните содржини ќе претрпи измени.
На страница 18 во учебникот се учи за брачен живот и брачни улоги и меѓу другото се бара од учениците да залепат фотографија од свадбата на родителите или да ги нацртаат, притоа да одговорат кога нивните родители стапиле во брак и на која возраст, колку години се во брак и оставено е на учениците да заокружат, дали родителите се венчале во матично (општина), црква или друго. Ваквата вежба, како што е зададена во учебникот е дискриминаторска и вознемирувачка за цели групи родители и деца кои не живеат во конвенционални брачни односи и семејства, и тоа: за децата од еднородителски семејства, чии родители се разведени или пак еден од родителите е починат, непознат или исчезнат, деца кои живеат со роднини, деца без родители, деца чии родители живеат во вонбрачна заедница, па дури и децата чии родители стапиле во брак, но решиле да не направат свадба. Вежбата не дава можност децата од неконвенционалните семејства и брачни односи без вознемиреност и стигматизација да ги претстават односите во своето семејство или дом, бидејќи бракот како заедница и свадбата како начин на прослава, се претставени како единствено „нормални“ заедници и поведенија.
Коалицијата СЗПМЗ ја поздравува заложбата на Министерката за Образование и наука и Народниот правобранител за формирање накомисија за разгледување и повлекување на учебникот по предметот „Општество“ за 4-то одделение. Бараме согласно известувањето кое го добивме од Народниот правобранител, во најбрз можен рок спорните содржини да бидат повлечени, што значи уште еден чекор напред кон отстранување на дискриминаторските содржини во елементарното образование и спротивно на тоа би поттикнувале инклузивни содржини кои одговараат на потребите на учениците и родителите.
Лице за контакт: Драгана Дрндаревска 078 200 675
coalition.org.mk