28 Jun Со клучни одлуки до здрава заедница
ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, иницираше кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија. Со кампањата се повикуваат носителите на одлуките за продолжување на проектите и програмите кои работат на превенција и унапредување на јавното здравје.
Од ХОПС велат:
“Годинава му се обративме на Моби ( mobygratis.com), за да биде дел од нашата кампања „Со клучни одлуки до здрава заедница” чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија.”
“Ја добивме неговата поддршка со гратис користењето на неговата песна Dashed Ambitions. Ти благодариме Моби и на сите вас во видеото за сите вложени години наназад и за целета поддршка во текот на кампањата!” #supportdontpunish #спасиживоти
Повеќе информации на https://www.facebook.com/hops.org/ и на http://www.kampanja.hops.org.mk/