17 Oct Биографија на “ИЗБОР” – Струмица
НВО "ИЗБОР" е невладина, непрофитна и непартиска организација, основана во 1997 година како резултат на растечките потреби на заедницата од одговор и помош во намалувањето на штетните последици од употребата на дрога, како што се превенцијата од ширење на инфекциите на ХИВ, Хепатит Б и Ц и други заболувања кои заради ризичното однесување се карактеристични за нашите целни групи, притоа борејки се против опасните маргинализации и етикетирања и злоупотреби на основните човекови права, преку создавање на нови коалиции и партнерства.
Сектори на дејствување:
1. Сектор за едукација, кој ги планира и осмислува сите активности од полето на информирањето и едукација; организирање и селекција на семинарите, тренинг-курсовите и другите форми на едукација, како и подготовка на печатен материјал
2. Медицински сектор, нуди совети, интервенции од ургентен карактер, дијагностицирање, како и препраќање во останатите релевантни медицински институции во државата;
3. Сектор за дроги, кој своите активности ги реализира преку:
а. Теренска работа помеѓу интавенските и другите корисници на дрога /Outreach/
б. Програма за размена на игли и шприцови /Needle-exchange/, кондоми и едукациски материал за употреба на дроги и последиците од нивното користење, сексуално и крвно преносливи ифекции, побезбедно инјектирање, побезбеден секс, превенција од предозирање; кои се вршат стационарно и на терен
ц. Метадонски третман, кој се спроведува организирано во Дневната болница за прифат, третман и продолжено лекување Св. Елисавета во Струмица
д. Дневен центар за рехабилитација и ресоцијализација – Банско;
е. Тераписка заедница Покров;
ф. Социјален клуб;
4. ХИВ/СИДА/СПИ сектор надлежен за информирање, превенирање и организирање на тренинзи, подготвување на едукациски материјали и кампањи од областа на сексуално и по крвен пат преносливите инфекции, со посебен акцент на ХИВ/СИДА;
5. Сектор Сексуална работа, одговорен за едуцирање, советување и медицинска помош на сексуалните работници, спроведување на програма за поделба на кондоми и лубриканти и специфичен едукативен материјал за оваа целна група;
6. Трговија со луѓе, надлежен за информирање, едуцирање и превенција на оваа честа појава на злоупотреба на човековите права во нашиот регион;
7. Човекови права, кој се грижи за информирање, советување и застапување, односно заштита при злоупотреба на човековите права, во однос на државните и други органи и институции;
8. Турско-ромски сектор кој се грижи за информирање и едуцирање на турско-ромската популација од областа на ХИВ/СИДА превенција и остварување на човековите права.
Поважни реализирани проекти:
- 2000 – 2004 Програма за намалување на штети кај интравенски корисници на дрога /финансирана од ФИООМ/; а од Ноември 2004 оваа програма во наредните две години ќе ја финансира Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, ТБЦ и маларија
- 2003 "Риск-Нет" – Проект за ХИВ/СИДА и СПИ превенција кај корисници на дрога, комерцијални сексуални работници и мажи кои имаат секс со мажи /финансиран од УСАИД/ Заеднички проект со др. НВО ;
- 2003 Прва локална кампања за одбележување на 1-ви Декември светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА;
- 2003 – 2004 Проект за вклучување на локалната самоуправа во ХИВ/СИДА превенција /финансиран од ИТЗ, во соработка со МИА – Стоп СИДА од Скопје;
- 2004 Втора локална кампања за одбележување на 1-ви Декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА /поддржан од ФИООМ/,
- 2004 Отворање на Дневен центар за рехабилитација и реинтеграција на поранешни корисници на дрога во с. Банско /заеднички проект со МПЦ – Струмичка Епархија и дел финансиски подржан од Норвешка Амбасада во РМ;
- Февруари 2005 Отворање на Дневна болница за прифат, третман и лекување на болести на зависност /заеднички проект со МПЦ – Струмичка Епархија, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјала, Медицински Центар – Струмица и Центарот за социјална работа – Струмица/
- Организирани бесплатни курсеви по странски јазик и почетен курс по Информатика – заеднички проект со Работнички универзитет Јоска Свештарот од Струмица
- Март 2005 Отворање на регионална канцеларија за човекови права, како дел од проектот за поддршка на човековите права во Коалиција со уште четири НВО-и /подржана и финансирана од ОБСЕ, чија цел е обезбедување на правни совети и олеснување на пристапот до институциите на граѓаните кои се жалат на неправилности во полициската и судската постапка/
- Глобал Фонд 2005-2012
- 2007 отварање на Социјален клуб за лица кои се на метадонски програм во склоп на дневната болница за прифат, третман и продолжено лекување, СВ. Елисавета – Струмица, заеднички проект на Избор, МПЦ Струмичка Епархија, Локалната самоуправа и УНИЦЕФ;
- 2007 отварање на Тераписка заедница ПОКРОВ за рехабилитација и реинтеграција на корисници на дрога, зеднички проект на Избор, МПЦ Струмичка Епаркија и Бизнис сектор;
- Издавачка дејност:
- Книга: ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ФАКТИТЕ тираж 1000 примероци, 2000г.
- Брошури, флаери, плакати (15 различни видови, вкупен тираж преку 50000 примероци во период од 2001-2005)
- Учество во:
- Истражувањата и изготвувањето на стратегија за ХИВ/СИДА/СПИ на Р. Македонија;
- Изготвувањето на стртегија за дроги на РМ;
- Истражувањето за правата на пациентите во Струмичкиот регион;
- Дел од Коалицијата за правично судење;
- Дел од мрежата за борба против Трговија со луѓе;
- Основачи и членови на Македонската Мрежа за намалување на Штета кај корисниците на дрога;
- Членови на Централно и Источно Европска Мрежа за намалување на штети;
- Членови на Канадската мрежа за намалување на штети;
- Членови на Австралиската мрежа за намалување на штети и тн;