15 Feb „Рација“ на работилница за геј права во Уганда
Амнести Интернешнал ја повика Уганда да престане со насилното малтретирање на активисти откако министер во владата на земјата изврши рација врз работилница која ја спроведуваа активисти за геј и транс права.
Министерот за етика и интегритет на Уганда, Симон Локодо, беше придружуван од полицијата до хотелот каде што се одржувал настанот, соопшти организацијата.
Соопштувајќи дека работилницата е нелегална, активистите за права биле насилно избркани од хотелот.
Салил Шети, Генералниот секретар на Амнести Интернешнал рече: „Ова е насилен обид да се спречат легални и мирни активности на застапниците на човекови права во Уганда.“
Амнести Интернешнал исто така соопшти дека министерот се обидел обезбеди налог за апсење на Кеша Жаклин Набагасера, истакната активистка за геј и транс права и добитничка на наградата за заштитниците на човековите права Мартин Еланс за 2011 година.
Причините за обидот за апсење не биле јасни во моментот.
Минатата година, канцелариите на нејзината група во Кампала беа ограбени и беа украдени документите со списоците на членови на организацијата.
Кеша Жаклин Набагасера рече дека пет компјутери кои и припаѓаа на организацијата Freedom and Roam Uganda беа украдени заедно со списоците на членовите.
Овој потег следува неколку денови откако озогласениот анти-геј закон беше повторно внесен во парламентот на Уганда.
Владата на Уганда соопшти дека законот не ја ужива подршката на владата и дека е потребно да се спорведе дебата во рамките на уставот на земјата.
„Спроведувањето на оваа дебата не треба да се поврзува со подршката на владата на овој закон.“
Во Уганда, хомосексуалните акти се се уште криминализирани, но со овој закон ќе се прошири распонот на престапи кои ќе бидат казнувани.
Салил Шети додаде: „Владата на Уганда мора да дозволи легитимни, ненасилни собири на заштитниците на човековите права, вклучувајќи ги и оние кои работат за ЛГБТ правата.“