23 May Новата геј сексуална револуција
Сексуалната револуција од 60-те и 70-те доживеа ненадејна и брутална завршница за многу геј и бисексуални мажи во моментот кога СИДА-та се посочи како последица на сексуален контакт. Во раните денови на епидемијата, сексот помеѓу мажи се поистоветуваше со СИДА, не само во мејнстрим медиумите, туку и во напорите за превенција од страна на други геј мажи. Со оглед на тоа што СИДА-та во тие денови се перцепираше како смртна казна, за мажите кои имаат секс со мажи, секој сексуален контакт носеше ризик од смрт. Всушност, десетици илјади починаа од СИДА.
“Бев жив кога хомосексуалноста се сметаше за психолошка болест”, Дејвид Расел, менаџер на поп-ѕвездата Sia, неодамна изјави за магазинот Plus. “Две генерации пред мојата, а добар дел и од мојата беа целосно истребени од СИДА. Ги нема. ”
Додека некои мажи со ХИВ ги надживеаа сите предвидувања и останаа живи, широкото прифаќање на кондомите е заслужно за драстичното намалување на ХИВ зарази меѓу геј и бисексуалните мажи во следните години. Сепак, потпирањето на ништо друго освен на овој слој од силикон – бариера за која некои се жалат дека ја спречува вистинската интимност и задоволство – не може да го избрише неподносливиот страв кој геј мажите го чувствуваа – дека секој сексуален однос може да ги зарази со ХИВ.
Се разбира, постојат моменти кога речиси секој геј или бисексуален маж дозволил неговите страсти да ги надвладеат стравовите и да ужива во контакт кожа-на-кожа, нешто што спротивнополовите двојки често го земаат здраво за готово. Сеќавањето на овие незаштитени моменти на страст кај многу од овие луѓе поттикнува терор, жалење, и вина.
“Срамот и геј сексот имаат многу долго минато”, признава Алекс Гарнер, претставник за здравје и иновации од геј апликацијата Хорнет. “Потребна е само-рефлексија – а често и терапија – за да се чувствувате горди и без трошка срам од сексот, кога сè околу вас ви кажува дека тоа е валкана, неморална или нелегитимна работа”.
Од крајот на 1990-тите години, со појавата на антиретровирусните лекови кои спасуваат животи, еден дел од гневот за сексот помеѓу мажи избледе – и со тоа дојдоа и промени во однесувањето. Употребата на кондоми, која некогаш беше исклучително висока кај геј и бисексуалните мажи, бележи пад во изминатите две децении. Според една неодамнешна студија објавена во списанието AIDS, над 40 проценти од ХИВ-негативните и 45 проценти од ХИВ-позитивните геј и бисексуални маж признале дека имале секс без кондом во 2014 година. Истражувачите откриле дека намалувањето на употребата на кондоми не е одредено од serosorting (избирање на партнери за кои се верува дека имаат ист ХИВ статус) или од употребата на антиретровирусни лекови. И покрај предупредувањата, употребата на кондоми е во опаѓање долго пред воведувањето на PrEP.
Гарнер, кој е ХИВ-позитивен повеќе од две децении, вели дека е олеснителна околност тоа што тој се стекнал со вирусот на 23 години, бидејќи “целиот мој живот како возрасен не морав да се грижам дека ќе се заразам со ХИВ.”
Порастот на PrEP
Има надеж дека помладата генерација, исто така, ќе може да има безгрижен сексуален живот – без несаканите ефекти на живот со ХИВ.
Употребата на антиретровирусниот лек Truvada како профилакса пред изложување или PrEP (тоа е единствениот лек одобрен за превенција на ХИВ), покажа намалување на можноста за пренесување на ХИВ речиси до нула. Откако лекот беше одобрен 2012 година, биле документирани само два случаи на пренесување кај оние кои се придржуваат до дневниот распоред. Нови, подолготрајни инјекции треба да се појават на пазарот во текот на следните неколку години. Истражувањата покажуваат дека земањето на PrEP по потреба (како што е земање пред и по секс) исто така може да биде ефикасно.
Undetectable Equals Untransmittable
Оние кои веќе се ХИВ-позитивни, исто така, имаат опција за спречување на пренесувањето на ХИВ која не се потпира на кондоми. Се нарекува третман како превенција, или TasP. Оние кои се со позитивен статус, со земањето на антиретровирусна терапија го сведуваат вирусот на недектабилно ниво и со тоа не може да го пренесат на своите сексуални партнери. Минатата година, The New England Journal of Medicine ги објави конечните резултати од HPTN 052, студија која покажа дека антиретровирусната терапија е доволна за да се спречи преносот на ХИВ меѓу двојките со различен статус. Во интервју за AIDS.gov, д-р Carl Dieffenbach, директорот на Одделението за СИДА во Националниот институт за алергии и инфективни болести, истакна, “Шансата за пренесување на ХИВ ако вирусот е трајно потиснат е нула. ”
По изјавата на Dieffenbach, голем број на ХИВ организации и медицински групи се приклучја на ставот “Недектабилно е еднакво на непреносливо”, вклучувајќи ги и GMHC, APLA Health, и Latino Commission on AIDS.
Центарот за контрола на болести и превенција препорачува и употреба на кондоми како додаток кон PrEP или TasP, првенствено затоа што ниту еден биомедицински пристап не спречува други сексуално преносливи инфекции како гонореја и сифилис. Сепак, PrEP и TasP го прават сексот без кондом побезбеден – ова би можело да го означи стартот на новата сексуална револуција. “Кога опасноста од ХИВ е отстранета од сексот постои длабоко чувство на ослободување”, вели Гарнер. “Сексот може да биде само секс.”
Една од пречките е стигмата за PrEP, продлабочена од митот за “Truvada курви”, и напорот на Michael Weinstein од AIDS Healthcare Foundation да ја прикаже пилулата за превенција од ХИВ како “дрога за журки”.
“Стравот и срамот се вкоренети во геј сексот со децении”, признава Гарнер. “Ќе биде потребно време и многу работа за да се надмине ова.” Но, тој е оптимист дека “заедно, негативните и позитивните мажи можат да направат поместување на културата подалеку од стравот, во насока на ослободувањето”.
Тој тврди дека она што е во прашање е многу повеќе од само подобар оргазам.
“Нашата сексуалност е во сржта на нашата човечност”, вели Гарнер. “Нашата сексуалност е интегрален дел од нас како и нашиот апетит. Не можеме да ја подобриме социјалната правда без да го вклучиме и сексот. Како квир луѓе и како обоени луѓе, нашите тела се криминализирани, нашата сексуалност е патологизирана и структурите продолжуваат да не дехуманизираат. Станува збор за радикален чин на отпор кога како хомосексуални мажи одбираме да најдеме задоволство и интимност во нашиот секс. Нашиот секс е, и ќе продолжи да биде интензивно политички. Може да ја промениме нашата култура и нашата политика ако го прифатиме и одиме кон него, наместо да бегаме од него. ”