Колку е важно тоа што ноќниот живот за квир жени во Лондон на некој начин е мртов?

Колку е важно тоа што ноќниот живот за квир жени во Лондон на некој начин е мртов?

од Daisy Jones

Голем дел од моите највредни тинејџерски искуства е во квир клубовите во Лондон. Мојот прв сериозен обид за караоке: под пригушените, тиркизни светла  во The Joiners Arms, каде го испразнив подиумот, тажно мрморејќи ги зборовите од рефренот на “Fast Car” од Tracy Chapman, а притоа сите превртуваа со очите. Моето прво искуство со кетамин: сместена во измочаните кабини во The George & Dragon со дрег крал по име Bethlehem на звуците на делириумски синтисајзер на “Smalltown Boy” од Bronski Beat. Единствен пат кога сум фрлила пијачка некому в лице: во стил на Peggy Mitchell, во испотениот подрум на East Bloc, бидејќи ми побараа за да видат какво е чувството.

Овие спомени можеше да се случат било каде, во секаков клуб, но се случија во квир клубови, бидејќи јас и моите другарки сакавме да бидеме таму. “По-стрејт” клубовите не беа баш исти; не ја пуштаа музиката која ја сакаме, беше многу потешко да танцуваш без притоа некој тип агресивно да ти го нарушува личниот простор и сите изгледаа позгодни и помодерни од причини кои се’ уште не ми се јасни, но кои веројатно еден ден ќе бидат научно објаснети. Многу од овие квир клубови се затворија од тогаш, но во 2008 во Лондон ние заземавме простор.

Со оглед на ова, многу од овие ЛГБТК клубови и барови беа – и се’ уште се – примарно простори за геј мажи. Има неколку клубски вечери месечно за квир жени, распрскани овде и таму (Lemon Juice во The Haggerston, Girlcore во Catch, Club Jolene во Visions, Unskinny Bop во Star of Bethnal Green, Clam Jam во Dalston Superstore) но во најголем дел, се чинат како некаква последица; тематска вечер во простор кој вообичаено не е фокусиран на луѓе кои се идентификуваат како жени. Малкуте барови за жени кои постоеја, од кои во најдобар случај тоа беа 3 (Ku Bar, She Soho, Candy Bar), ни’ беа исклучително досадни, бидејќи кој сака да патува до централен Лондон за да стои во розев бар кој сјае и да пие коктели од £8 во досадниот ритам на Rita Ora, само за легне некого?

Но како што сите знаеме, во изминатите неколку години, ЛГБТК клубовитe се затворaa со алармантна растечка стапка. Од гореспоменатите клубски вечери и барови, останаа само Ku Bar и She Soho, со по само неколку повремени клубски вечери. Благодарение на низа причини кои паѓаат под капата на “гентрификацијата”, состојбата на квир ноќниот живот е значително погубна за сите родови и сексуалности, но за жените, се чини дека дури и повеќе. Во град голем колку Лондон, со толку квир жени – и знам дека ги има многу, бидејќи сум ги видела на шопинг во Harvest во Dalston и како пијат кафе во Palm Vaults во Hackney и како пушат надвор од библиотеката на Goldsmiths Uni – буквално никаде не постои место за да се опиеш и да танцуваш во простор каде си мнозинство. Значи, што е работата?

Би било премногу редуктивно да се тврди дека “квир ноќниот живот за жени во главниот град е целосно мртов и дека тоа е нешто лошо”, бидејќи не е толку едноставно. Како што мојата другарка Jess, 28 искоментира кога ја прашав дали и’ е важно: “Пред десет години, ако само сакав да легнам некого, можев да отидам во еден од лезбејските барови во градот, бидејќи беа полни со луѓе кои сакаат да го прават истото, но апликациите како Tinder очигледно ја однесоа таа неопходност, па што е поентата? А кога станува збор за пиење и танцување, сега има многу повеќе луѓе кои се идентификуваат како квир и родово-флуидни, така што бар полн со жени некако ми се чини старомодно; како нешто за кое би имале потреба постарите генерации, во времето кога биле турнати на маргините. Јас сум повеќе од среќна да бидам во опкружување на геј момци и транс и не-бинарни луѓе; сите се мешаме овие денови. ”

Нејзиното мислење дека едноставно повеќе не се потребни клубови за квир жени одекнува меѓу многу луѓе. Во документарецот на Broadly, насловен The Last Lesbian Bars, Jack Halberstam, професор на родови студии, вели дека: “Не бевме прифатени никаде на друго место, па бевме принудени да создадеме субкултура каде што можеме да почувствуваме и да најдеме прифаќање. Но сега, кога почнавме да стануваме повеќе интегрирани во општеството, можеме да отидеме во бар каде ќе видите лезбејки како се држат за раце и се бакнуваат; нема потреба да барате место каде што може да бидете свои “.

Ова е добро, но се’ уште нецелосно објаснува зошто ЛГБТК клубовите кои ни’ преостанаа во Лондон се толку фокусирани на мажи. Некои ги посочуваат економските разлики меѓу родовите во објаснувањето на овој јаз. Во истиот документарец, Arlene Stein, професор на женски студии, вели: “Геј мажите имаат многу повеќе барови од лезбејките, делумно заради тоа што тие имаат поголем пристап до економски капитал како целина. Тие имаат тенденција да живеат во населби каде се наоѓаат овие барови. Лезбејките беа гентрифицирани од многу од тие населби. ” Сепак, ова истражување објавено од страна на The Economist се чини дека го претставува спротивното, тврдејќи дека отворените геј мажите често се финансиски таргетирани заради нивната сексуална ориентација, додека жените лезбејки се чини дека се платени одлично во споредба со хетеросексуалните жени. Со оглед на ова, тешко е да се оспори дека – дури и во рамките на ЛГБТ заедницата – белите момци имаат најголема општествена моќ; само можеби таа моќ не е толку голема во економски контекст.

Под знак прашалник е – но не и целосно фабрикуван – стереотипот дека квир жените се со поголема веројатност да бидат во пар и да останат во подолги, моногамни врски од квир мажите, па можеби тие едноставно не се журкаат толку многу. Како што напиша Shauna Miller за The Atlantic, “Овој “поттик за спојување” има основа во практичноста во 50-тите и почетокот на 60-тите години, кога хомосексуалните двојки морале да останат во сенка. Во тоа време, ако сте имале среќа да основате семејство, требало да се држите до тоа. Тоа било брак. Во светот на лезбејките, сериската моногамија била безбедна, но и задоволувачка. Жените можат да имаат деца, исто така, па понекогаш лезбејките и ги имале”. Но, повеќе не сме во 50-титее и 60-тите години, и ако се земат во предвид вообичаените кратки биографии на квир девојки на апликацијата Tinder “еј јас сум полиаморна/немоногамна/веганка”, претходно споменатите стереотипи повеќе се реалност. Исто така, можеби квир жени не излегуваат колку мажите затоа што немаат каде да одат – нема податоци што укажуваат на тоа што е задоволувачки, и што е надвор од нашата контрола. Се претвора во приказната за кокошката и јајцето.

Се’ додека постојат квир жените, а постоевме и ќе продолжиме да постоиме и во иднина, секогаш ќе постојат начини за поттикнување на некој вид на заедница. И ако тоа веќе не е во рамките на ноќниот живот, тогаш нека биде така. Јас лично немам потреба да бидам опкружена со квир жени во простор специјално приспособен за нас со цел да добивам одредени сигнали, па дури и да се претопам во културата, и преферирам да излегувам со моите машки и не-бинарни другари, наместо да танцувам во лезбејски бар.

Имајќи го ова на ум, секако дека не зборувам во името сите квир жени, а ќе ги има и оние кои не знаат каде да најдат истомисленички или можеби биле одбиени од нивните семејства и заедници и сакаат да запознаат нови луѓе, лице в лице, во простор кој е безбеден. Исто како и ситуацијата на падот на нешто што беше забавно и не постои повеќе, ако овие клубови целосно изумират – ќе биде срамота. Претпочитам да има голем квир клуб на мојата улица, повеќе отколку уште еден огранок на Pret или NatWest.

Извор