27 Apr Коалицијата СЗПМЗ е дел од мрежата за медиумска писменост на Република Македонија, која беше промовирана денес
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 27.04.2017 година (четврток) ја промовираше Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија. Целта на оваа иницијатива е унапредување на соработката меѓу различните чинители во македонското општество кои креираат и спроведуваат политики и реализираат активности и проекти во сферата на медиумската писменост. За Коалицијата СЗПМЗ оваа иницијатива е од исклучително значење и е во линија со зацврснувањето на борбата против дискриминација и говор на омраза во медиумите. Оваа пракса би требало да придонесе кон поздрава демократија и медиумски слободи и плурализм, како и кон развојот на критичкото размислување на граѓаните и нивната способност да бидат во тек со промените во општеството.
На настанот се обратија д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата и H.E. амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија. Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници е една од 34-те основачи меѓу кои се вбројуваат и други основачи од граѓански организации, потоа образовни установи, медиуми и државни институции, од кои и министерствата за образование и за труд и социјална политика. Мрежата е отворена за нови членови, кои можат да и пристапат со потпишување и поднесување на пристапница.