‘Криењето’ е најновиот опасен сексуален тренд

‘Криењето’ е најновиот опасен сексуален тренд

Најновиот тренд од спалната соба нема никаква врска со одредена позиција или техника – и воопшто не е секси.

Вознемирувачкиот тренд без согласност е наречен “криење” и неговиот пораст е документиран во еден извештај во списанието за род и право на универзитетот Колумбија.

Главниот автор Alexandra Brodsky тврди дека “криењето,” кога мажот скришно го отстранува кондомот за време на секс е форма на сексуален напад и така и треба да се третира.

Позагрижувачка е онлајн заедницата која ја открива Brodsky, каде мажи охрабруваат други мажи да “сокријат” од своите партнери. Овие сторители — и геј и стрејт — веруваат дека мажот има право да “го шири своето семе.”

“Една од моите цели со статијата, во контекст на предлагање на нов статут, е да обезбедиме речник и да отвориме пат за луѓето да прозборат за нешто што е вообичаено искуство, а честопати се отфрла како ‘лош секс’ наместо ‘насилство,’” вели Brodsky за Huffington Post.

Студијата се отвара со Rebecca, докторант кој работи на телефонска линија за справување со кризи при силување. Rebecca забележала дека добива се’ повеќе повици од жени кои биле жртви на “криење.” (Rebecca вели дека и таа била жртва на бившото момче.)

“Нивните приказни најчесто почнуваат исто,” вели Rebecca. “’Не сум сигурна дали станува збор за силување, но…’” Сите тие се чувствуваа повредено но “го немаа вистинскиот речник” за да сфатат што им се случило.

Не само што “криењето” ги остава жртвите ранливи на бременост или сексуално преносливи болести, туку гo предизвикува истиот вид на емоционална, физичка и финансиска штета што произлегува од другите, појасно дефинирани форми на насилен секс. Една од жртвите кои Brodsky ги интервјуираше за извештајот го нарекла чинот “близок до силување.” Друга жртва го опишала она што и’ се случило со партнерот како “грубо кршење на нашиот договор.”

Brodsky заклучува дека со оглед на тоа што постојните закони не го покриваат “криењето,” нов статут е најдобра опција за да се адресира нешто што премногу луѓе искусуваат, но не знаат како да проговорат за истото.

“Во најдобар случај, ваквиот закон јасно би одговорил и би ги препознал штетите кои жртвите ги пријавуваат, давајќи до знаење дека ‘криењето’ не само што ‘изгледа насилно’ — туку и е,” пишува Brodsky во извештајот.

Во јануари, швајцарскиот суд осуди маж за силување откако тој го извадил кондомот без притоа да ја извести партнерката. Судот заклучи дека жената не би се согласила на секс доколку знаела дека кондомот ќе биде изваден.

Source