Етика на сексуалноста: Интервју со Џудит Батлер

Етика на сексуалноста: Интервју со Џудит Батлер

Интервју е направено од Ерик Фасин и Мишел Феер

 

За дополнително да го дискредитира американскиот феминизам, во Франција во деведесеттите години, сакаше да се најде само еден аспект на политиката на идентитетот кој ќе биде некомпатибилен со француската политичка култура. Денес почнуваме да забележуваме дека во САД феминизмот не е инкарнација на една култура, туку изразување на една историјата, односно дека тој се дефинира со многу контроверзности кои ги исцртуватт линиите на преломот: значи дека можеме да зборуваме во множина за американските феминизми.
Ако делото на Џудит Батлер не е доволно познато во Франција, тоа е затоа што од една страна нејзината радикална критика за идентитетот, за суштината и за различноста воопшто не се вклопува во нашите клишеа за Америка, а пак од друга страна таа се наоѓа на раскрсница помеѓу феминизмот и хомосекуалното и лезбијското движење-средба што допринесе многу повеќе во САД отколку во Франција кога станува збор за прашањата поврзани за полот и сексуалноста. Здружена со квир движењето кое ги признава нејзините дела, Џудит Батлер е пред сè филозоф кој се занимава со моделите на субјективизација и политичката критика на нормите и нивниот психолошки ефект.
Формите на блокади што таа ги опишува во американските феминизми предизвикуваат вознемирувачко ехо во врска со сексуалните прашања и во Франција. Алатките што таа ги нуди, во исто време и теоретски и чувствителни на конкретните изрази поврзани со полот и доминацијата, нудат начин на слободно дишење, живеење. Би биле на сигурно во нејзини раце.

 

Во Франција, неодамна се доживеа појавата на серија од контроверзности во врска со прашањата за полот и сексуалноста- за сексуалното вознемирување, порнографијата и проституцијата. Ваквите дебати имаат долга историја во САД. Па така би сакале да ни објасниш како се распоредени во американскиот контекст, како се артикулираат едни спрема други, но особено како ти се смести во целата оваа слика.

 

Moжеме да почнеме од сексуалното злоставување со објавувањето на книгата на Катрин Меккинон, “Сексуално вознемирување на вработените жени“, издадена во 1979 година. Резултат на ова се дело се две доста различни форми на феминизам, а подоцнежниот развој на Меккинон ќе ја усложни разликата помеѓy нив.
Првично, Мекинон тврди дека непристојните сексуални понуди на работното место или на факултет ја ставаат жената во многу непријатна ситуација, бидејќи доколку одбијат, тие ќе се соочат со последици, но и доколку реагираат позитивно и ја прифатат понудата, можат да се најдат во незавидна ситуација ако врската не се одвива како што треба. Важно е да се напомене дека во оваа фаза од нејзиното размислување, Мекинон не тврди дека непристојнта понуда сама по себе претставува прекршување, туку дека проблемот е во тоа што и од академски и од професионален аспект, и позитивниот и негативниот одговор на жената (или на мажот) можат да имаат последици по нејзината работа, напредувањето и на способноста да работи нормално.
На пример, ако еден професор сексуално вознемирува некоја студентка, прашање е дали тие ќе можат да продолжат да работат заедно. Што ќе се случи доколку студентката го одбие, а што доколку нивната авантура не успее? Како ќе рагира професорот доколку дознае дека студентката има друг партнер? Или како би реагирал доколку неговата сопруга дознае дека има врска со студентка и му забрани да соработува со неа? Накусо речено, има доста последици доколку се мешаат професионалниот и сексуалниот живот. Во исто време пак, во оваа фаза од размислувањето, сексуалниот чин сам по себе не е пробематичен, туку условите кои би можел да ги создаде.

 

Дали заради тоа книгата се вика Сексуално малтертирање на жените на работно место?

 

Да, но сепак, истото ова важи и за факултетите. Дали е во ред професорот да напише лоша препорака само од инает? Еден студент не би требало да се лиши од можноста неговата работа да биде праведно оценета. Се поставува прашањето дали еден професор (маж или жена), без оглед дали неговата понуда на страст била прифатена или одбиена, е во состојба да одлучува за заслугите на оние со кои сакал да ја сподели страста. Дали „избраната”личност е во предност или е загрозена? Ако останатите студенти дознаат за ситуацијата, нема ли тие со право или по грешка да добијат впечаток дека нивната работа нема да го добие истото внимание на професорот како на оние кои се предмет на неговото интересирање? Не смееме да заборавиме дека многу студенти во напредуванњето во нивните кариери директно зависат од своите професори. Исто така не смееме да заборавиме дека на американските универзитети само 9 проценти од редовните професори се жени. Академската кариера на жената останува во доста тешка позиција и дали нивната работа ќе биде сериозно сфатена од нивните машки колеги е прашање кое сè уште се поставува. Во овој контекст треба да ги разбереме тешкотиите во една „сексуализирана“ врска. Сепак, повторувам дека проблемот не е во сексуалноста како таква. Луѓето флертуваат, се обидуваат да заведуваат, се трудат да создадат услови во кои на личноста што ја посакуваат ќе им бидат неодоливи. Животот во голема мера се сведува на вакви нешта и е убав. Јас сигурно не би сакала да живеам во свет без заведувања. Заведувањето подразбира стратегии, маневри кои ќе ја дестабилизираат саканата линост за да можат да ја освојат и пак ќе кажам дека сето тоа е во ред. Проблемот е во последиците кои произлегуваат од ваквите заведувања на работното место или на факултетот. Поинаку кажано, во овој контекст треба да се знае да се идентификува моќта која има тенденција да влијае на способноста на вработениот или на студентот да работи правилно, да напредува, да биде среќен, да биде третиран чесно и на тој начин да се избегнат уцените и одмаздите.
Накусо, до тука се согласувам со образложението што Катрин Меккинон го имаше развиено во 1979 година. Она што таа го велеше тогаш беше: да ги испитаме последиците и да ја контекстуализираме сексуалноста. Доколку има жалба, треба да се запрашаме и да ги разгледаме околностите за да дознаеме дали имало сексуално малтеретирање, некој вид на уцена, ценкање (услуга за услуга или quid pro quo како што се вели во правото) сексуални услуги за академски цели, добра оценка, препорака. Дали имало притисоци, забелешки, непријателска атмосфера која има штетно влијание на условите за работа? Во сите овие случаи станува збор за сексуално малтеретирање. Меѓутоа, доколку професорот има врска со студентка која не е негова или не е повеќе во неговата група, врз која тој нема никакво влијание ни контрола, тогаш нема никаков пробем; или пак ако тој се откаже од таквата контрола претходно со цел да започне сексуална врска предложувајќи и на пример да работи со некој колега, т.е. доколку професорот се однесува на тој начин, одговорно, тогаш нема апсолутно ништо би можело да се забележи.

 

За Мекинон и за американскиот закон дискриминацијата го дефинира малтретирањето, а не сексуалноста. Се работи за институционална моќ, а тоа не кажува ништо за сексуалноста сама по себе. Не е неопходно да претпоставуваме што би можело да биде легитимно или оригинално, сексуалноста треба да биде ослободена од каква било врска со моќта.

 

Точно. Од моја страна пак, јас се осмелувам да кажам, заедно со М. Фуко дека моќта и сексуалноста се коекстензивни, дека нема сексуалност без моќ. Би рекла дека моќта е една возбудлива димензија од сексуалноста. Од друга страна, сериозниот пристап кон оваа идеја овозможува подобро да се надминат стравовите кои призлегоа од законското третирање на малтертирањето. Многу луѓе се посомневаа дека ова ќе ги парализира социјалните интеракции на работните места. Стравуваа дека каков и да било физички контакт ќе биде забранет, дека нема да биде возможно да излезеш со колега или колешка и дека несигурната атмосфера ќе бара професорите кога ќе излегуваат од своите канцеларии да ги оставаат вратите отворени за да може сите да видат што се случува внатре…
За справување со овие стравови, поборниците на законодавството почнувајќи од Мекинон кажаа: знаеме дека постојат многу видови на физички контакти кои се случуваат во канцеларии и на факултетите, луѓето таму се впуштаат во секакви односи, па и во сексуални и тука не гледаме никаков проблем, напротив, единствена работа која нè вознемирува е односот помеѓу две индивидуи од кои едната има моќ да ја попречи или унапреди кариерата на другиот, а со тоа и можноста да ја злоупотреби својата моќ. Само во овој случај треба да зборуваме за примена на рестрикции. Ова е она што Мекинон би можела да го каже и би било прекрасно кога би го рекла.

 

Таа заврши сугерирајќи го тоа во моментот на аферата на Левински: не станува збор за сексуално малтретирање, бидејќи имало согласување.

 

Да, но веќе беше предоцна. Штета е: ние би сакале да живееме во една „сексуална култура“, да бидеме сопособни да прифатиме дека постои еротика на факултетите (бидејќи ја има, која настава би можела да се одвива без еротика?) помеѓу професорот и студентот, но исто така и во деловниот свет, помеѓу работодавецот и вработениот, а причините за тоа се разновидни. Кога оваа премиса би била прифатена, зарем не би било полесно да се одлучи по разумен пат, во склад со последиците, а не користејќи го априори моралниот суд, да се започне една врска? За жал, за овие прашања нема отворен дијалог што ќе овозможи мирен тек на настаните. Кога зборуваме за факултет и за работните места, сексуалноста е скриена и повлекува чувство на вина. Стравот дека ќе биде откриена создава услови во кои е тешко да се размислува.
Од друга страна, има место за размислување. Фуко последен се осврна кон прашањето за етиката на сексуалноста на еден многу интересен начин. Една од работите што најмногу го интересирала била нерепресивната етика. Прашањето што најмногу го заинтригирало било како може еден субјект да варира помеѓу палета од стандарди и барања и како би можел да го уреди своето живеење преку неговиот однос со овие стандарди. Така, проблемот што се поставува пред еден професор кој има склоности кон одреден студент или студентка не е дали тој треба да ја потисне својата желба или да ја презентира, туку да се бара соодветен начин кој ќе му овозможи да има задоволувачки однос кој ќе овозможи што помалку да ѝ наштети на личноста кон која негува чувства.

 

Сепак постои еден друг феминизам кој се наоѓа длабоко во првата книга на Катрин Мекинон и кој прерасна во вистински шампион.

 

Навистина, Кетрин Мекинон се ангажира во друга насока. На својот почетен аргумент, таа го додаде следново: мажите имаат моќ, а жените ја немаат. Сексуалнотото малтретирање е модел, парадигма што укажува на хетеросексуалните односи такви какви што се. Здружувајќи се со Адреа Дворкин, Мекинон ги опиша луѓето како суштества во постојана доминација, ним доминацијата им е единствена цел и цел на нивната секусална желба. По мое мислење, оваа еволуција не е ништо друго освен голема грешка. Сега, структурата на сексуалното малтретирање престана да се гледа како зависна и одредена од страна на институционалниот контекст. Таа се развила генерално како социјална структура каде мажите доминираат, а жените се понизни. Жените отсекогаш биле жртви на уцени, секогаш биле во непријателски амбиент или поинаку речено, светот секогаш бил непријателско опкружување , а уцената modus operendi на хетеросексуалноста.

 

Како се објаснува оваа промена?

 

Точно е дека се среќаваме со првите елемент во Сексуалните малтретирања на вработените жени. Меккинон во својата книга објаснува дека сексуалното малтретирање е дел од континиуумот каде што можеме да се сретнеме со сите видови на забелешки, шеги и однесувања кои презентираат омраза кон жената и кои циркулираат и внатре и надвор од работното место. Со поставувањето на систематската и глобалната доминација на жената во општеството, Меккинон дава хипотеза дека сексуалното малтретирање треба да биде сфатено како дел од овој збир на дискриминација, деградација и навреди кои нè информираат за социјалната егзистенција на жените. Но, тука се наметнува дебатата за порнографијата која ќе привлече поголем дел од внимението кое до тој момент го привлекуваше малтретирањето возобновубајќи ја анализата формулирана за него. Дури и пред Мекинон да се приклучи на нивната кауза, две групи на феминистки се појавија и се наметнаа на национално ниво како моќни милитанти организации. Едната се викаше WAP (Women Against Pornography), а другата WAVPAM (Women Against Violence in Pornography and Media). И двете организирале состаноци по куќи, училишта и цркви. Таму им покажувале на жените порнографски документи, особено сцени во кои се демонстрирала сексуална доминација за да им се објасни не само дека прикажаните жени се експлоатирани, туку и дека хетеросексуалноста се базира на моделот на доминација и насилство. Овие состаноци имале јасна цел: промовирање на забраната за порнографија како и кое било медиумско претставување на сексуалната доминација. Првиот Амандман исто така им претставуваше проблем.

 

Всушност, Пвиот Амандман од Уставот, веројатно најсветиот, ја гаранира слоботада на изразувањето (слободен говор).

 

Антипорнографските активисти измислиле две решенија како да ја избегнат оваа пречка. Првото решение се состои во тоа да се лимитира слободата на изразувањето, бидејќи тоа всушност и не е вистинска слобода. Според Андреа Дворкин, само мажите се слободни, во таа смисла што слободата на изразувањето не е ништо друго освен инструмент во рацете на моќните и дека поборниците за слободата на изразувањето ја поддржуваат слободата на мажите да прават што сакаат со жените. Второто решение е да се каже дека порнографијата не е само израз (експресија) туку дека е дејство (акција). За Катрин Мекинон порнографијата е чин на дискриминација, а не само обиен дискурс. Дефинирана на овој начин, порнографијата е форма на дискриминација аналогна на онаа со која се сооуваат жените на работното место или во општеството генерално. За да ја оправда ваквата комбинација, Мекинон тврди дека порнографските слики директно влијаат на луѓето кои ги конзумираат и дека тие влијаат на нивното формирање на полот на тој начин што произведуваат доминација и потчинетост во едно општество во кое доминираат мажите, а жените се субмисивни. Тука се работи за енормно зголемување на перформативните моќи на порнографскиот израз, а на тоа прекумерно зголемување јас се спротиставив уште одамна, а и денес го имам истото мислење.
Од политичка перспектива, откако порнографијата застана во центарот на вниманието, сите прашања кои беа поставени во врска со сексуалното злоставување набрзо ги снема. На пример, тешко е да се грижиш за условите во кои луѓето ја конзумираат порнографијата, па затоа нема повеќе вистински ефект од ова конзумирање на сексуалното однесување и пошироко на општеството. Секако дека Андреа Дворкин се потпира на емпириските студии кои ги покажуваат физичките последици и последиците на однесувањето од конзумирањето на порнографијата, но анкетите тешко можат да послужат како доказ. Често се контрадикторни и не можеме да ги сфатиме сериозно.

 

Кованицата „порноцентричен“ сè уште не е едногласна.

 

Многу брзо се разви еден феминистички одговор во кој учествував и јас. Аргументот беше дека треба да ја разбереме порнографијата како фантазија, фантазија која луѓето ја конзумираат. Ги прашавме дали сакаат да го прават тоа што го гледаат, бидејќи уживаат додека го гледаат, многумина од нив одговорија: „Не, воопшто. Тоа ми дава визуелно уживање, и не е нешто што нужно би го правел“. Во аналитичка смисла, порнографската фантазија може да има и компензациска улога: она што не можам да го правам во реалноста е она што го замислувам со порнографијата. Не само што сликата не може да предизвика акција, туку и не успева да го направи она што ми се допаѓа во имагинацијата. Жени отишле во големите квартови како што е Тајмс Сквер во Њујорк за да ги интервјуираат големите конзуматори на порнографијата. Тоа биле пред сè изгубени случаи кои немале што друго да прават, задоволството што го имаат гледајќи порнографија немало никаква врска со нивното мислење за жената или со нивниот однос кон жената. Останатите биле радикално импотентни. Порнографијата за нив претставувала надоместување на фантазијата.
Значи, идејата дека порнографијата одржува причинско-последична врска со однесувањето никогаш не е утврдена. Поддржувањето на ваквата теза го прави феминизмот еден вид на бихевиоризам, како да мажите се кучињата на Павлов кои ако гледаат еден порнографски филм, веднаш почнуваат да го имитираат. Се работи за поедноставување на фантазијата и јас бев навистина загрижена што гледам како феминизмот го регулира светот на фантазиите. Мојата сопствена етика и политика, ме наведуваат да мислам дека дека дури и во оваа институционализирана форма фантазиите се најприродното нешто. Згора на сè, наместо да ги контемплираме фантазиите, треба да се позанимаваме со актите на насилството врз жената, нападите, силувањата кои претставуваат сериозни проблеми со кои феминистите би требало да се позанимаваат.Она што се случи со антипорнографското движење и со протестите против насилството (Take Back the Night, што би значело « Да си ја вратиме ноќта »), е тоа што не се посвети доволно внмание на вистинските агресии и напади како што ѝ се посвети на порнографијата. Побитно беше да се цензурираат слики отколку да се изградат центри во кои ќе се згрижуваат малтретирани жени или жени жртви на силување.

 

За разлика од борбата против сексуалното вознемирување, борбата против порнографијата, имплицитно и експлицитно даваше претстава за една посуптилна секусалност, ослободена од сите конотации на моќта, па дури можеме да речеме и утописка.

 

За да разјасниме, би рекла дека со промовирањето на порнографијата не се доведува во прашање само машката и женската сексуалност туку и значењето на полот е доведено во игра. Што значи да се биде маж или жена? Жената е дефинирана по однос на доминацијата без која би исчезнале категориите „маж“ и „жена“. Всушност, мажот би бил дефиниран по својата доминантна позиција во сексуалноста, а жената по својата субмисивност. Ова би бил полот што е произведен од доминацијата. Не се работи само за сексуалноста туку и за полот, за машкоста и женственоста чија дефиниција во целост се базира на доминацијата. Утописката сексуалност надвор од границите на доминантоста ја среќаваме најпрвин кај Дворкин, па потоа кај Меккинон со нивната идеја за андрогинија која го повикува мажот да се откаже од својата машкост. Тоа е потфат на деконструкцијата што Џон Столтенберг ја бара со „ Крајот на машкоста“ за да ја уништи машкоста.
Сметам дека тоа е ужасно не само за стигматизираните хетеросексуалци туку и за хомосексуалците, лезбијките и бисексуалците. Оваа карикатура на доминантноста на хетеросексуалната сексуалност оди и против силата на геј и лезбиското движење, кон кое се приклучив и јас за да можам да мислам и на сексуалноста и на моќта заедно. Ова се случуваше откако „ Волја за знаење“ од Фуко беше преведена на англиски во 1978 година. Се работеше за тоа да на моќта се гледа на еден пофлексибилен и поразновиден начин, а со тоа и покорисен. Ова беше исто така шанса за некои феминистки да ја одбијат идејата дека на жените им е потребна заштита, тие само сакаат наивна сексуалност која нема да има никаква врска со демонстрирање на сила. Ова движење за слободата на сексуалноста се приклучи кон одбраната за слободното изразување истражувајќи ја порнографијата и феминистичкиот феминизам. Мислам на една поетеса со хетеросексуална определба како Шерон Олдс или на лезбиските S&M рецитали. Во нив има динамика на моќта, но исто така има и елементи на насилство- едно вистинско дело кое ги третира релациите на моќта. Спротивноста помеѓу двете феминистички струи беше радикална.
Треба да се додаде уште еден политички проблем кој го поставува анти-порнографското движење: законот во Индианаполис или во Минесота е тој што треба да се бори против доминацијата. Јавноста пресудува дали нешто е или не е порнографија. Меѓутоа, во многу земји, презентирањето на хомосексуалноста се смета за непристојно. Всушност она што на крајот се случи беше тоа што конзервативците како Лин Чени и Џеси Хелмс ги искористија овие аргументи за да ја оправдаат цензурата врз една изложба на Роберт Маплеторп чии фотографии покажуваа голи тела и хомосексуални односи на мажи од повеќе раси или генерално кажано си дадоа за право да одлучуваат што е непристојно, а што не е.
Меккинон, бранејќи ја идејата дека порнографијата е презентација на потчинетоста на жената мислеше дека ќе го избегне проблемот. Но кога ќе ги погледнеме аргументите за забрана за издавање на „Одисеј“ од Џојс во Соединетите Американски Држави, ќе видиме дека тие се базираат врз деградацијата на жената опишана во книгата. Според мене, во принцип, фикцијата, филовите, сè што е поврзано со естетика често се поврзува со прикажување на насилство, деградација. Една таква презентација е неопходна за мислата, па дури само од причина да постои морален разговор во врска со тоа.

 

Во Соединетите Американски Држави и во Европа, битката против порнографијата и проституцијата започна во исто време.

 

За да се направи врска помеѓу овие две работи, треба добро да се разгледаат и двата феминизми кои јас ги споменав и кои ги игнорираат или пак ги запоставуваат реалните услови на жените кои учествуваат во порнографија: нивните плати, договори и нивната социјална заштита. Се работи за цела индустрија, за голем бизнис во кој профитот е доста значителен. И ако е вистина дека таму има насилство, но не во метафоричка, туку во буквална смисла, особено во порнографските филмови, мора да признаеме дека работните услови значително се менуваат: некои се добро планети, а некои не се, некои се безбедни, а некои не се. Има разликата од девојка која е на повик до проститутка која работи на улица, а да не зборуваме за они кои се задоволуваат со виртуелни фантазии, телефонски или какви било други. Доста време им требало на феминистките за да им помогнат на сексуалните работнички кога станува збор за социјална заштита и синдикати. На пример, има многу самохрани мајки кои живеат во нестабилни услови. Тоа се „ социјалистички феминистки“ кои се погрижија за ова прашање. Она што им беше важно, не беше слободата на изразувањето туку социјалните услови на овие жени.
Она што е вистина за порнографијата, вистина е и за простиуцијата. Меккинон почнува да се интересира за конкретната слобода. Кои се условите за согласноста? Според нејзе, бидејќи проституцијата е деградирачка за една жена, таа не може да се согласи на тоа, совеста ја спречува да се согласи на тоа. Доколку жените велат дека проституцијата е резултат на стратегиски избор од нивна страна, тогаш Мекинон на тоа не гледа како на лажна согласност и совест, туку вели дека на пример тие жени биле жртва на насилство во детството. Само за обичните жени во една држава каква што е САД, може да биде поприфатливо да бидат сексуални работнички отколку обични работнички. Тешко ќе можат да се усогласат термините долку е вработена како секретарка, без да зборуваме за придохот кој секако ќе биде помал. Изборот се сведува на одредени ограничувања наведени во економија. Без разлика дали се работи за секретарка, хигиеничарка или проститутка, секоја го истакнува своето тело. Секоја од нив лицитира со своите тела за сметка на часовите и на условите за работа кои не даваат ништо посебно за возврат. Една извонредна група, Којот, се бореше за сидикализација на проститутките во 1980 година. Нешто можеше да се направи: економските услови, безбедосните услови, здравствените услови, пред сè мислам на сидата. За мене не е сфатливо како феминистките не ги интересираат овие прашања. Изгледа дека се премногу окупирани со моралните осудувања отколку со реалните животи на жените.
Треба да се запрашаме зошто сексуалната размена е попроблематична од економската во деловниот свет. Особено откако има многу ситуации во кои жените не уживаат задоволство во нивниот сексуален живот, зошто да нема студија во која ќе се спореди потхранувањето на сексуалноста во бракот и во проституцијата? Проститутката може да каже: „50 долари за орален секс“, или : „ќе се работиме уште пола саат“. Во брак не поставуваме услови од овој вид. Дури треба и да се разбудиме, да му подготвиме доручек и да се правиме дека „бил одличен“.Во проституцијата жената може да побара од макрото времето и парите да и бидат загарантирани.

 

Во Франција, се почесто слушаме за независни проститутки. Да имаш макро не подразбира баш да бидеш слободна.

 

Ете, токму заради ова, треба да постојат синдикатите.Стојам зад идејата дека жените треба да имаат поголема контрола над условите на нивната работа.

 

Сепак, една работа треба да се каже, а тоа е дека надвор од протитуцијата, жените немаат толку сјајни економски услови ниту пак толку посакуван сексуален живот за да мислат на проституцијата како на експоатација на работното место или како на доминација во бракот. Но, сосема е поинаку да помислиш дека нема битна разлика помеѓу продавање (или изнајмување) на сопствениот труд и сопствената сексуалност. Ова е тоа што голем број на феминистки го одбиваат како во Франција, така и во Соединетите Американскии Држави, говорејќи за ропство.

 

Не разбирам добро, но доколку има контрола врз нивните работни услови, плата, врз основа на што можеме да зборуваме за ропство? Пред сè, се сомневам дека невиноста која и се спротиставува на проституцијата во име на една света женска сексуалност го наметнува својот тон врз моралноста без да ги има предвид реалните економските услови на жената.

 

Денес со сигурност има помалку приврзаници на невиност отколку во Викторијанскиот период. Повеќе не се разботи за тоа да се истакне невиноста на жената за сметка на машкиот еротизам, за да се заклуи дека проституцијата ѝ ја ускратува сексуалноста на жената. Сега сексуалноста е тоа што ја замени невиноста. Далеку од тоа дека би можеле да се пофалат, но нашите современици ја ценат сексуалноста повеќе. Проституцијата не би изгледала како сквернавење на женската невиност, туку како извртување на сексуалната автентичност која нè дефинира. Ако кажеме дека жената не е сексуално задоволна од својот брак, нема ништо да се смени во бракот. Сигурно дека би имало некакви промени, но треба од некаде да ја започнеме борбата против фригидноста, а проституцијата е добар почеток. На кусо речено, денес, сексуалноста е над моралот.

 

Сексуалноста станува онтологиска. Можеме да видиме големи метафизики дебати околу посакувањето. На пример, извештајот Кригел кој сугерира дека желбата како таква е загрозена од порнографијата.- нормалната и нормативната желба ќе биде уништена од зачестената и механичката конзумација. Извештајот индицира дека желбата би можела да биде фундаментална карактеристика на човештвото. За останатите, желбата не е битна, туку согласноста е она што го дефинира човештвото. Во оваа дебата, некои ја прифаќаат, а некои ја одбиваат идејата според која со порнографијата и проституцијата, комерцијализацијата на сексуалноста во допир со желбата ја чекаат нашата цивилизација. Како и да е, аргументите „за„ и „против“ проституцијата што имав прилика да ги прочитам во францукиот печат изгледаат како да имаат заедничка претпоставка во врска со слободата. За да ѝ се спротиставиме на проституцијата кога веќе ја спречува слободата на изразувњето на желбата, ја намалуваме комерцијалната сексуална размена и стигаме до чиста репресивност. Обратно пак, за да ја одбраниме проституцијата, се однесуваме како проститутката слободно си го избрала договорот без никакви ограничувања. Во двата случаи, ми се чини дека ни недостасува фактот дека сексуалноста е сè уште производ на договор скучен на сила и дека често тој факт се шегува со нас. Нашата способност се состои во тоа да направиме нашиот пат да биде сочинет од желби кои се делумно принудени, а делумно слободни. Нашата слобода не е „слободна“ од социјалните услови. Она што е најмногу човечно во сето ова е правото на избор и дека мора да избереме дури и кога нашите избори се ограничени од начините кои ние не сме ги избрале.

 

Ја предизвика метафизиката на желбата која е присутна во Франција од двете страни.

 

Ми се чини дека доколку ја замениме метафизиката за феноменологија на сексуалната работа, би дошле до дијаметрално спртивни заклуоци. Има доста разлини професии, од тие на улица до тие најлуксузните. А што се однесува до прашањето од каде им доаѓа задоволството за сексуалните работнички, доаѓаме до доста сложени одговори. Во почетокот на осумдесетите разговарав со неколку хив-позитивни проститутки и дознав дека многу од нив се егзибиционисти и дека се горди на нивната професија. Некои од нив ги презираа мажите со кои работеле, но некои од нив не. Многу чудно, но на нив им се допаѓаа тие типови, не други. Некои беа тажни, некои смешни, некои доаѓаа само за секс, но остануваа да ми ги раскажуваат своите приказни и јас ги слушав. Разноликоста на проституцијата, тоа е тоа, исто така ни желбата ни согласноста не се сосема отсутни. Затоа, проституцијата, земена како уникатно искуство во кое мажот се задоволува за сметка на жената која не чувствува никаква желба да биде со него, го губи достоинството претворајќи се во инструмент за задоволување на клиентот, доведува до безизлезна ситуација. Ова значи дека очигледно постојат многу ризици и опасности кои се поврзани со овој вид на активности, а феминистките кои со гордост си го носат тоа име треба повеќе да се погрижат за синдикализација на проститутките.
Само уште еден збор за оваа тема околку човештвото и копнежот. Една жена што јас ја знам работи како хостеса. Платена е да им дава сексуални услуги на мажите и тоа во секој случај ја става во категоријата „проститутка“. Сосема добро знае да направи разлика помеѓу сексуалноста со мажите кои ги сака и со они кои се само дел од нејзината работа. Сега можеме да се запрашаме што мислиме за еден таков живот кој е полн со разновидности? Дали во таквиот живот има нешто нехумано, недостоинствено или пак се работи за организација на сексуалноста, љубовта на тој начин што ќе се сочува сопствената хуманост, а во исто време ќе се сочува и способност да се заработува користејќи го сопственото тело?
Многу луѓе имаат сексуални односи со луѓе на кои дури ни името не им го знаат. Што да речеме за сексот без последици (Повремен секс)? Влегуваме во нечиј живот, излегуваме од него, се служиме со него и тој со нас од причини кои се заснована на желбата, посакувањето. Ќе си речеме: „ Бидејќи се работи за посакување, нашето однесување е човечно? Можеби може да излеземе на вечера или не? Ова може да биде дел од заинтересираноста или не? Можеби таа личност има пари, добара кола, па супер ќе си поминеме возејќи се. Дали сме спремни да кажеме дека предностите, а тука мислам на материјалните предности, на подолг или пократок временски период, воопшто немаат никаков удел во сексуалноста генерално? Некогаш да, некогаш не. Но јас не верувам дека се работи само за чиста желба: од социјален и психоаналитички аспект, ова делува наивно.
Можеме да посакуваме некого од многу причини. Кога ќе сакаме да стапиме во брак, како ли ќе го направиме изборот? Дали во својот партнер една жена би барала татко за нејзиното дете? Зарем тука нема никаква математика и социјална благодарност? Зарем тука нема социјални елементи кои го сочинуваат посакувното и саканото. Кога ќе се соочиме со културолошката конструкција на посакувањето, но исто така и на пресметливоста, прашањето за слободата би било поинаку поставено. Не се работи само за транспарентен избор. Сè уште има одредена сенка која паѓа врз посакувањето или врз желбата, бидејќи култутурните елементи имаат влијание и допринесуваат во креирањето на предмети на нашата желба. Ах оваа желба, што да правам? Да работам цело време на нејзе? Ова не е чиста слобода. Ова е едно етичко прашање. Се работи за тоа ние да одлучуваме за условите на нашата пракса.

 

Значи се работи за заменување на филозофијата со етика.

 

Да, а прашањето гласи: кој избор можам да го направам ако ја имам предвид мојата позиција? И во овој контекст, како можам да го зголемам мојот удел во самоопределувањето.

Преземено од: http://www.vacarme.org/article392.html