14 Mar Истражувањето за социо-економската димензија на исклученоста на ЛГБТИ лицата започна.
Почнувајќи од 1 февруари, ЛГБТИ луѓето од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија имаат можност да го пополнат прашалникот со кој ќе се обелоденат проблемите и предизвиците на ЛГБТИ луѓето заради нивната сексуална ориентација и родов идентитет, вклучувајќи ги перцепциите за правата, насилството, булингот и тн.
Ова онлајн истражување, кое е најголемо вакво досега иницијално започна во 2012 во сите земји од Европската унија, вклучувајќи ја и Хрватска (која во тоа време беше земја-кандидат). 93.000 луѓе го одговорија прашалникот, кој за жал не ги вклучуваше земјите од Западен Балкан.
Бидејќи истражувањето веќе беше спроведено во Хрватска и Словенија во 2012, меѓу другото ќе овозможи подетално да се испита прогресот – или регресот – во овие две земји.
Во меѓувреме, регионалното истражување на НДИ, спроведено во 2015, во другите 6 земји од регионот, нуди можност за споредба.
Истражувањето е поддржаноо од Светска банка, а го имплементираат IPSOS Strategic Marketing, Williams Institute UCLA и ЕРА – Асоцијација за еднакви права на Западен Балкан и Турција.
Во Србија истражувачкиот проект предвидува и анкета за приходите и животните услови, со што ќе може да се посредат податоците за ЛГБТИ заедницата со оние на општата популација. Ова претставува еден од првите обиди во светот да се соберат споредбени податоци во голем број.
Заради сево ова, ЕРА би сакала да ги покани сите членки во регионот како и сите припадници на ЛГБТИ заедницата да го пополнат прашалникот на следниов линк, како и да го дистрибуираат со локалните заедници и мрежи.
Следните неколку недели клучно е секој кој одговара на профилот на испитаници да го пополни и сподели овој прашалник со своите контакти. Исто така е важно секој од широкиот спектар на ЛГБТИК да го пополни прашалникот. Меѓу другото, истражувањето има за цел да направи темелна анализа на перцепциите, потребите и проблемите на транс и интерсекс луѓето.
Прашалникот е достапен на сите официјални јазици во регионот и може да се пополни на сите веб пребарувачи, како и на сите електронски направи, како компјутери, лаптопи, таблети и паметни телефони.
За било какви прашања слободно пишете ни на: office@lgbti-era.org
Уште еднаш ги замолуваме сите ЛГБТИ лица кои живеат во регионот да го пополнат прашалникот и да го дистрибуираат преку нивните мрежи.
Вашето искуство е важно!