Покана за конференција „Предизвици и можости за финансирање на научното истражување во Македонија“

Покана за конференција „Предизвици и можости за финансирање на научното истражување во Македонија“

Почитувани,

со задоволство ве покануваме на завршна конференција на тема „Предизвици и можности за финансирање на научното истражување во Македонија“,

која ќе се одржи на 16 февруари (четврток) со почеток од 12.00 часот во хотел Холидај Ин, Скопје.

Цели на конференцијата се:

  • да се промовира новиот Предлог-модел за финансирање на научноистражувачката дејност во Република Македонија;
  • да се споделат научените лекции и сличните искуства од Словенија и од Естонија, и
  • да се овозможи дискусија за перспективите на научноистражувачката дејност.

На конференцијата ќе присуствуваат експерти кои ќе дискутираат на теми поврзани со различни искуства и практики при финансирањето на научното истражување, а целна група се претставници на академски институции, истражувачки организации, Парламентот на Република Македонија, државни институтци, самостојни истражувачи и наставно-научни работници, како и останати заинтересирани страни.

Агендата за конференцијата преземете ја тука.

Конференцијата се организира во рамки на  Регионалната програма за поддршка на истражувања во земјите од Западен Балкан (RRPP)програма која во Македонија ја координира Фондацијата отворено општество – Македонија.