12 Jan Промоција на истражување за родовите разлики и сексуалното однесување кај младите во Македонија
На 11.1.2017 Коалицијата СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ го промовираше истражувањето “Колку се еднакви и безбедни младите во Mакедонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства? – Податоци од HBSCM истражувањето со млади на 15 години “.
Резултатите од истражувањето ги претстави Лина Ќостарова Унковска, главна истражувачка, а збор на конференцијата зеде и Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Коалицијата СЗПМЗ.
Целосното соопштение од промоцијата на истражувањето, како и дел од клучните наоди од истото, може да го преземете тука.
Истражувањето е достапно на следниов линк.