01 Feb „Не ги затворајте корисниците на дрога“ – вели Ричард Бренсон, сопственикот на Вирџин
„Велика Британија не треба да ги затвора корисниците на дрога и треба да го третира ова прашање како здравствен проблем“- вели Ричард Бренсон во врска со предавањето новите правни рамки на судиите во земјата.
Сопственикот на Врџин изјави за Скај Њуз дека верува дека дрогите треба да бидат под надлежност на Оделот за здравство на Велика Британија, а не на полцијата.
Г-динот Бренсон, кој има позиција во Глобалната комисја за политика на дроги, даде свои оцени за новиот правилник кој треба да стапи на сила на 27-ми февруари оваа година.
Според новиот правилник, за пријатели кои социјално споделуваат дроги и оние кои користат канабис за медицински потреби постои можност да избегнат затворска казна.
Корисници на дроги и помали дилери кои ќе бидат фатени со хероин, кокаин или канабис во вредност од 1000 фунти исто така можат да избегнат затворска казна. Оперативците фатени со 6 килограми канабис, 20 таблети екстази или пет грама хероин или кокаин може да добијат казна во форма на општествено корисна работа.
Претприемачот Бренсон предложи Владата на Велика Британија да отиде подалеку во намалувњето на казните.
„Нашата порака е дека дрогите треба да бидат третирани како здравствен проблем, а не како криминален, затоа Оделот за здравство треба да го третира овој проблем наместо полицијата – тоа е одлука која се покажала многу корисна во други земји„ – изјави тој и додаде: -„Пред десет години Португалија одлучи дека нема да праќа лица во затвор поради користење на дрога и резултатот од таа одлука е тоа што бројот на корисници на дрога се намали драстично.“
Тој вели дека затворските и високите парични казни ги спречуваат корисниците на дрога повторно да се прилагодат во општеството и дека треба да се стави поголем акцент на нивното одвикнување од опасните супстанции.