2016: Историски победи и поразувачки неуспеси во борбата против војната на дрогите

2016: Историски победи и поразувачки неуспеси во борбата против војната на дрогите

од Tony Newman

Изминативе седум години пишувам годишни извештаи за главните настани во борбата за прекин на катастрофалната војна на дрогите.

2016 беше чудна и напорна година. Извојувавме повеќе историски победи од било кога – кои сега се засенети од изборот на Доналд Трамп и изгубената надеж со која ќе ги опустоши најранливите заедници.

Еве го мојот осврт на најзначајните победи од оваа година, како и најужасните неуспеси од истата.

Добрите страни

Голема победа за легигализацијата на марихуана на изборната ноќ

Овогодинешниот изборен ден беше пресвртница за движењето за ставање крај на забраната за марихуана. Се’ на се’, иницијативите за легализација беа изгласани во четири од вкупно пет држави, а иницијативите за медицинска употреба на марихуана во сите четири држави.

Забраната беше одбиена во Калифорнија, Невада, Масачусетс и Мејн, каде се донесе одлука за оданочување и регулирање на марихуаната. Легализација за медицинска употреба на марихуана беше изгласана во Флорида, Арканзас, Северна Дакота и Монтана, сведувајќи ја моменталната бројка на 28 држави и Вашингтон Д.С. Само Аризона, која ја зема во предвид легализацијата на рекреативна употреба на марихуана, не го изгласа овој закон.

Најзначајната победа беше во Калифорнија. Во законите за легализација, Калифорнија е новото златно правило благодарение на реформите во кривичното право, како и одредбите за правно обесштетување. Овие акти ставаат крај на неекономичните трошоци на десетици милиони даночно обврзани пари, на годишно ниво во Калифорнија, на апсење, осудување и затворање на ненасилните прекршоци со марихуана. Исто така, се намалуваат и препреките за влез на легалниот пазар, а и се насочуваат стотици милиони долари во инвестиции кај заедниците со ниски примања кои беа најлошо погодени од војната на дрогите.

Претседателот Обама на голема врата ги помилува ненасилните престапници со дрога

Претседателот Обама одобри 78 помилувања и 153 намалувања на казни – рекорден број во еден ден кога е во прашање искористувањето на претседателската моќ за помилување. По бавниот почеток од првиот мандат, Претседателот сега помилува 1176 поединци, од кои најмногу луѓе со ненасилни престапи со дрога, повеќе од сите претседатели заедно после Хари Труман. Иако помилувањата се неверојатно важни и им помагаат на поединци да се вратат дома, постојат и десетици илјади на кои треба да им се поништат пресудите. Во 2016 бевме сведоци на двопартиска поддршка за реформа на законите за дроги, како и намалување на масовното притворање. Изминатава недела, во New York Times имаше колумна во која се расправаше за можноста за стапување во сила на реформата на казненото право во 2017.

Намалувањето на штетите и превенцијата од предозирање стануваат меинстрим

Многу од практиките за намалување на штетите, за кои застапниците се залагаат со години, почнуваат да бидат прифатени од контролното тело за политики за дроги и избраните власти, и во сините, и во црвените држави. Многу држави изгласаа закони за зголемен пристап до налоксон, лекот за анулирање на предозираност. И многу земји го изгласаа законот “911 Добар Самаритан” кој им овозможува на луѓето кои сведочат предозираност да се јават во полиција за помош, без притоа да се плашат од апсење. Политичарите бараат зголемено финансирање за лекување, додека препреките за добивање на опиоидни заменски терапии како метадонот се поништуваат.

Се’ повеќе добиваат на значење и просториите за надгледувано инјектирање (SIFs) во САД. 66 градови во 9 држави имаат простории за надгледувано инјектирање каде луѓето можат да инјектираат дрога во чисто, безбедно место со медицински професионалци на помош – а сепак се’ уште нема ниту една во САД. Значаен е доказот дека SIFs се ефективни во намалувањето на нови ХИВ инфекции, смрт од предозирање и јавните незгоди – и дека не ја зголемуваат употребата на дроги и кривичните дела.

Во февруари, Делегатот од Мериленд Dan Morhaim и Градоначаликот на Итака Svante Myrick стигнаа до националните вести кога цврсто се изјаснија во корист на SIFs. Заинтересираноста се зголемува и во Сиетл, Сан Франциско и Њу Јорк Сити, каде избраните власти ги земаат SIFs во предвид. Дури и USA Today објави напис во знак на поддршка за SIFs.

Лошите и грди страни

Се наѕира кошмарот кој го носи Доналд Трамп и неговата администрација

И покрај историските победи за легализација на марихуана на изборната ноќ, немаше простор за радување кога почна да станува јасно дека Доналд Трамп ќе го шокира светот и ќе стане претседател.

Постои малку сомнеж во фактот дека Трамп е подготвен да лансира нова војна на дрогите која би можела да биде пострашна од било што што сме виделе до сега. Трамп водеше кампања како кандидат кој е “строг кон криминалот”, кој верува во политики на “запри и претреси”, кој поддржува приватни затвори, и застапуваше идеја за подигнување на ѕид долж границата како би ги држел на страна “мексиканските криумчари на дрога”.  Неодамна беше актуелна и неговата изјава за поддршка на филипинскиот претседател Rodrigo Duterte и неговата кампања за масовно убивање на сиромашни луѓе кои се осомничени за користење или продажба на дрога.

Луѓето кои тој ги избра да ја водат неговата администрација се кошмар, почнувајќи со Сенаторот Jeff Sessions како јавен обвинител. Jeff Sessions е воен екстремист на дрога со долгогодишно минато на расистички коментари и постапки. Во изминативе години, Sessions одигра голема улога во блокирањето на напорите за реформа на казненото право, запленување на имот и законите за марихуана.

Корисниците на дроги на Филипините “ги колат како животни”

Изминативе шест месеци, Филипините водеа брутална, крвава војна против луѓето кои се осомничени за употреба или продажба на дроги. Оваа војна ја води филипинскиот претседател Rodrigo Duterte – по неговото освојување на мандатот во јули, тој ја бодри полицијата и граѓаните да убиваат луѓе за кои се сомневаат дека употребуваат или продаваат дроги.

До сега, убиени се повеќе од 6,000 луѓе во рамките на оваа кампања. Дополнителни 840,000 луѓе кои употребуваат дроги се пријавиле на властите. Скорашен фото есеј во New York Times ги отслика бруталните убиства.

Повеќе американци умираат од предозирање, отколку од сообраќајни несреќи и пиштоли 

New York Times објави сторија на насловната страна во почетокот од годинава, која ја документираше експлозијата од смртни случаи заради предозирање низ земјата.  47,000 американци умреле од предозираност во 2014 – повеќе од сообраќајни несреќи и пиштоли. И покрај нашиот напредок, сведочиме на се’ повеќе неприфатливи смртни случаи и страдања од зависност, кои ги допираат виртуелно сите семејства и заедници во САД.

Се наоѓаме во парадоксален момент од нашата борба против војната на дрогите. Од една страна, легализацијата на марихуана се движи напред со голема брзина, има двопартиска поддршка за намалување на бројот на луѓе зад решетки и промоција на пристапи базирани на здравство за намалување на штетите од дрогите. А од другата страна, имаме нов претседател и администрација кои со голема веројатност ќе ја засилат катострофалната војна, имаме убиства без преседан на Филипините, и алармантна криза на предозирања која уништува семејства и заедници низ целата земја.

Болката и бедата од војната на дрогите се поголеми од било кога. Мораме да ги зголемиме напорите, да ја продолжиме соработката со истомислениците, и да освојуваме срца и умови. Последиците од катастрофалната војна продолжуваат да се трупаат секојдневно.

Време е да најдеме излезна стратегија од оваа непобедлива војна. Ако народот води, лидерите ќе го следат.

Извор