Генералниот Секретар на ОН: Африканските влади мораат да ги почитуваат геј правата

Генералниот Секретар на ОН: Африканските влади мораат да ги почитуваат геј правата

На самитот на Африканската Унија кој се одржува во Етиопија, Генералниот Секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, им порача на африканските лидери дека мораат да ги почитуваат геј правата.

 

На делегатите на настанот кој се одржува во Адис Абеба, Г-динот Бан им порача: „Една форма на дискриминација кој е веќе долго време игнорирана, дури и санкционирана од страна на многу земји, е дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Владите ги третираат овие луѓе како граѓани од втор ред, дури и како криминалци.“

 

Хомосексуалноста е нелегална во голем број на африкански земји и постои широко распространета дискриминација во оние земји во кои е забранет истополовиот сексуален однос. Единствено Јужна Африка ги признава ЛГБТ правата во својот устав и дозволува геј бракови.

 

„Спортиставувањето на овие дискриминаци преставува предизвик, но не смееме да ги изневериме идеите на Универзалната декларација на човековите права“- изјави г-динот Бан на самитот.

 

Минатата година Британската влада најави дека ќе ја укине помошта за африканските влади кои дискриминираат ЛГБТ граѓани, одлука која што претстедателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, ја нарече „сатанска“. Тој рече: „Станува уште полошо и повеќе сатански кога премиер, каков што е Камерон, вели дека земјите кои сакаат да добијат британска помош мораат да ја прифатат хомосексуалноста. Ако на некој да му се предложи таков ѓаволски предлог, тоа преставува глупава понуда“.

 

Претседавачот на Африканската унија, Теодоро Обианг Н’гуема, зборувајќи пред г-динот Бан рече: „Африка не треба да се оценува врз основа на степенот на демократија, човекови права, владеење и транспарентност на јавната администрација.

 

Во 2010-та, Г-динот Бан објави јавен повик за ставање крај на дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето во која се вели: „Како совесни луѓе, целосно ја отфрламе дискриминацијата, а особено дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Кога поедници се напаѓани, злоупотребувани или затворани поради нивната сексуална ориентација, тогаш мораме да го кренеме својот глас“.