08 Dec Macy Rodman е транс поп-ѕвездата која сите ја чекавме
Клаберите од њујоршката сцена ја познаваат Macy Rodman веќе некое време — а во моментов таа добива огромно внимание од музичката индустрија. Основачот на озлогласената забава Bath Salts која се одржуваше во Бруклин – Miss Rodman во моментов е во процес на редефинирање на себеси како алтернативен поп музичар. Пренасочувајќи го вниманието од дрег кој ги поместува границите кон промислена поп музика, Macy е талент кој допрва доаѓа во андерграунд музиката.
Прв пат ја видов Macy како настапува како предгрупа на панк-рок легендата Seth Bogart. Таа се појави на сцена без никакви реквизити и фарса, но ги освои срцата на публиката со нејзините живи, но и изненадувачки мрачни поп мелодии. Уште од почетокот цврсто ја поддржав, но се заљубив во моментот кога распослувајќи го телото на сцената испеа бавна верзија на “Believe” од Cher.
“Тоа го направив откако се случи Орландо,” Macy ми кажа по телефон неколку недели по настапот. “Едноставно ги процесирав своите чувства во врска со тоа. Постојано се навраќав на музиката која се пушта во геј клубовите и како овие песни може да бидат закрепнувачки. Ја направив оваа очајно тажна верзија на Cher … Отсекогаш имала посебно место во моето срце. Секогаш кога ќе ја пуштат публиката полудува и има моќ да им го подигне духот. Мислам дека дури и во мојата верзија која е меланхолична, стиховите им даваат моќ на луѓето.”
Иако Cher и помогна на Rodman да ги процесира своите емоции после трагедијата, кемп хитовите на геј иконата не се најголемата инспирација на Macy. Инспирирајќи се од “грубите рок божици” како Courtney Love, Marianne Faithfull, PJ Harvey, Sinead O’Connor, Shirley Manson, и Julianna Hatfield, не е тешко да се препознае музичкиот сензибилитет на Rodman. “Но ги обожавам и поп дивите! Britney Spears, Rihanna, Kylie Minogue, Kelis, Janet Jackson!”
Macy потекнува од Џуно, Аласка — многу далеку од нејзиното моментално живеалиште во Њу Јорк. “Тоа беше чудно место. Кога растев, ме потсетуваше на Мејн. Беше многу слободоумно. Луѓето држеа до себе. Имаше лабава атмосфера. Од она што го слушам, сега е малку повеќе десно-ориентирано, особено по времето на Сара Пејлин… Кога бев таму не ја ценев неговата чудност. Опколени сте со планини и е неверојатно убаво место.”
Приемот на Parsons конечно ја донесе во Големото Јаболко. “Многу набрзо почнав да го мразам тоа. Се отпишав после втората година и почнав да правам музика.”
Како и многу други квир деца кои доаѓаат во градот, Macy ја привлече светот на ноќниот живот. По излегувањата во Don Pedro in East Williamsburg, Rodman започна со нејзиното гонзо-дрег шоу. “Тоа беше одлично место за мене да екпериментирам со родовиот идентитет и претставување,” вели таа. “Тоа не беше место со стари и одминати дрег кралици. Не имаше неколку кои се зезавме. Тоа беше игралиште за играње со мојот идентитет.”
Таа немаше идеја дека нејзината забава ќе прерасне во феномен на андерграунд сцената, со екстремни и екпериментални уметници кои испробуваат нови авангардни настапи во нејзиното шоу. “Беше слободно за сите,” таа се сеќава. “На првата забава имавме гол поет. Имавме ритуали со вештерки. Имавме дечко кој си ги захефта тестисите за нога. Имавме цела палета на дрег кралици: имавме прекрасни и брилијантни дрег кралици и хаотични 19-годишни почетнички дрег кралици. На некој начин тоа стана место каде луѓето доаѓаа да пробуваат или да прават што и да посакаат, а мислат дека е чудно. Опкружувањето беше многу забавно за сите.”
Отприлика во овој период кралиците почнаа да забележуваат експлозија на ваков вид квир трансгресивна уметност: “Се појавивме во момент кога луѓето навистина прифаќаа ваков вид на неконформистичка атмосфера. Мислам дека сега е така секаде.” Но како што дрег светот стана покомплексен и повеќе меинстрим, интересот на Macy за сцената почна да исчезнува, пропратно со промената на нејзиниот став за родовиот идентитет.
“Сакав да продолжам да правам музика и различни работи, но тогаш сфатив дека повеќе се идентификувам како транс жена отколку како дрег кралица. Почна да станува тешко да правам такви настапи без константно да бидам изложена на мисинтерпретација на родот и идентитетот, па морав да најдам излез. Се уште имам почит за дрегот и ја ценам неговата вредност за родово неконформистичките деца кои сакаат да екпериментираат, но сметам дека во одреден момент сфатив дека тоа не е она што сакам да го правам во мојата кариера.”
Macy го издаде нејзиното прво EP, насловено Help, во почетокот на 2016. 5-те песни од мини албумот се залажувачко слатки – се додека не почнете да обрнувате внимание на стиховите. Од песни за опасностите со кои таа се соочува како транс жена, до бељите и разочарувањата од целоноќните журки, Help е длабоко искрен, и симпатичен денс поп експеримент.
[soundcloud url=”https://api.soundcloud.com/users/56803976″ params=”auto_play=false&hide_related=false&show_comments=true&show_user=true&show_reposts=false&visual=true” width=”100%” height=”450″ iframe=”true” /]
“Help беше напишан во оној период кога се уште бев активна во ноќниот живот, но копнеев да правам музика фул-тајм,” објаснува Rodman. “Размислував за работите кои влијаат на мојот живот во тоа време: постојани излегувања (се уште го правам ова), постојаното чувство на одбиеност, изолираноста, многу честото чувство дека сум во опасност бидејќи беше новост тоа што се претставувам како жена, како и несигурноста и стравот да излезам од дома. Тоа беа моменти на експлозија од изолираност и експлозија од екстаза што сум опкружена со моите пријатели и што се чувствувам прифатена и што ja добивав сосема спротивната реакција кога сум опкружена од непознати.”
Macy е искрена кога објаснува за опасностите со кои се соочува како транс жена: “Има опасност и прогонување на дневна база. Тоа е релноста и мислам дека ќе биде така уште многу време. Но сметам дека станува полесно кога ќе научиш како да се справиш. Но кога за прв пат почнуваш да го адресираш својот идентитет се е под лупа и забележуваш се… Шетањето на улица е секогаш измачување. Тоа е нешто за кое мораш постојано да мислиш. Многу цис-родови луѓе едноставно не го разбираат тоа. Мора да мислиш на тоа кога размислуваш да бидеш транс. Одењето во продавница е голем ангажман и потенцијално фијаско. Да се качиш на воз честопати е навистина трауматично … Ми се има случено да одам по улица и да ми удрат бокс. Ми се случило да одам накај дома и да ме удрат по глава со цевка. Постојат многу вакви ситуации без провокација кои се стварно страшни.”
Не е изненадување што ваквите искуства се пренесени во визуелизациите на панк спотовите на Macy:
Синглот “Lazy Girl” продуциран од Jeremiah Meece доживеа и ремикс со хип-хоп пионерот Mykki Blanco:
[soundcloud url=”https://api.soundcloud.com/tracks/251356352″ params=”auto_play=false&hide_related=false&show_comments=true&show_user=true&show_reposts=false&visual=true” width=”100%” height=”450″ iframe=”true” /]
Што е следно за Macy? Во соработка со продуцентот JX Cannon, таа ќе го издаде албумот насловен The Lake наскоро. Може да очекуваме и видео спот за првиот сингл од албумот, насловен “She Will Be A Relic One Day,” во блиска иднина. “Новите песни се во мојот препознатлив стил, но со малку помрачен звук. Малку експериментиравме,” вели таа.
Но дали музичката индустрија знае како да се справи со ваква ѕвезда? Без изненадување, Rodman повеќе настапува во галерии и “направи сам” собиралишта отколку во концертни сали.
“Луѓето најчесто не знаат што да прават со мене, па на крајот настапувам во уметнички простори, но и на многу андерграунд квир шоуа. Само што настапив во музеј пред 1,000 луѓе, но утре ќе настапувам пред 30 луѓе во двор во Бушвик.”
Можеш да ја избадиш девојката од бруклинскиот ноќен живот, но не и бруклинскиот ноќен живот од девојката…