13 политички партии ја потпишаа Декларацијата за одржлив национален одговор кон ХИВ

13 политички партии ја потпишаа Декларацијата за одржлив национален одговор кон ХИВ

Тринаесет партии ја поддржаа и потпишаа Декларацијата за одржлив национален одговор кон ХИВ и дадоа јавна заложба за преземање приоритени акции за обезбедување континуитет и одржливост на програмите за превенција и поддршка за ХИВ наменети за групите под особен ризик од ХИВ.

Политичките  партии, се обврзаа, преку пратениците во новиот парламентарен состав,  односно преку претставниците во извршната власт, по парламентарните избори на 11 декември 2016 година, да иницираат и поддржат:

  • Обезбедување финансиски средства од националниот буџет, врз основа на докази и методолошки прецизни проценки и анализи, со коишто ќе се осигура одржливоста на основите превентивни програми за превенција и поддршка од ХИВ за групите под особен ризик од ХИВ
  • Подготовка и усвојување на законски и/или подзаконски ефективни механизми со коишто ќе се обезбеди долгорочно и одржливо државно финансирање на програмите за ХИВ за социјално исклучените граѓани и групите под особен ризик од ХИВ

Декларацијата ја потпишаа следните политички партии Демократска обнова за Македонија, Демократски сојуз, Движење за реформи ДПА, Достоинство, Левица, Либерална партија, Либерал демократска партија, Нова социјалдемократска партија, Партија за европска еднина, Партија за целосна еманципација на Ромите, Социјалдемократски сојуз на Македонија, УНИТЕТИ и ФРОДЕМ.

Потпишувањето на декларацијата беше во рамки на тркалезната маса на тема Обезбедување на држливост на програмите за превенција, грижа и поддршка за ХИВ. Целта на настанот беше да се идентификуваат клучните пречки во обезбедување на одржливост на програмите за ХИВ и да се започне дијалог помеѓу граѓанските организации и политичките партии за преземање на итни акции за спречување на нови инфекции и смртни случаи од ХИВ во Република Македонија, по повлекувањето на меѓународната поддршка во 2017 година. На настанот свои излагања имаа претставници од релевантните национални институции и тела, меѓународните организации и граѓанскиот сектор, коишто учествуваат во креирање и спроведување на политики во областа ХИВ, како и претставниците од политичките партии во земјата.

Извор