16 Nov British Medical Journal за прв пат препорачува легализација на дрогите
Една статија во BMJ – најчитаниот медицински магазин во Британија – образложува дека законите против употреба на дроги им штетат на луѓето низ светот и дека докторите имаат етичка одговорност да се залагаат за промена.
Зависноста од дроги мора да се перцепира како здравствен проблем и мора да се стави крај на инволвираноста на полицијата, се наведува во статијата.
Ова е прв пат BMJ да советува докторите да тежнеат кон легализација на дрогите и за прв пат изразува поместување во медицинските ставови.
Fiona Godlee, главниот уредник на магазинот вели: “Постои императив да се истражат поефективни алтернативи на криминализацијата на употреба и снабдување со дроги.”
Таа додава дека владата би требало “претпазливо да се движи кон регулирани пазари на дроги” и дека “докторите треба да ги користат своите овластувања за да достават барања за прагматична реформа базирана на наука и етика”.
BMJ вели дека смртноста од хероин е дуплирана во изминатите 3 години како резултат на владината политика за дроги и дека војната на дрогите “премногу често се одигрува како војна на милионите луѓе кои се корисници”.
Професорот Parveen Kumar од Британската медицинска асоцијација, за The Times вели дека во струката се верува дека треба да се стави приоритет на третманот на зависници повеќе отколку криминализација на употребата на дроги.
Поранешниот вице-премиер Nick Clegg верува дека владата треба да земе во предвид имплементација на верзија од португалскиот модел каде корисниците на дроги се испраќаат на третман, наспроти кривична казна. Смртноста од употреба на дроги во Португалија е намалена за 80%.