Доналд Трамп: Истополовите бракови се утврдени, но можна е промена на одлуката за абортус

Доналд Трамп: Истополовите бракови се утврдени, но можна е промена на одлуката за абортус

За прв пат откако победи на претседателските избори, Donald Trump се осврна на двете најконтроверзни социјални проблематики кои Врховниот суд ги работел било кога: геј бракови и абортус.

Неговите одговори можно е да ги загрижат конзервативците.

Trump посочи дека тој е “во ред” со мислењето на судот за легализација на истополови бракови и дека таа работа е “утврдена”, но се обврза да именува судии кои сакаат да ја променат одлуката од 1973 Roe v. Wade која го потврдува правото на абортус.

Недоследноста во прашањето – што е утврден закон? – со сигурност ќе ги загрижи конзервативците кои се плашат од можноста тој да не остане доследен на ветувањето дека празното место во Врховниот суд ќе го пополни со некого по калапот на нивниот херој, Судијата Antonin Scalia.

Најмногу од се, конзервативците се надеваат дека потенцијалните номинации на Trump за Судот ќе го применат Уставот онака како што тие веруваат дека е напишан и ќе ги засилат ограничувањата на моќта на Владата. Во таа смисла, тие гледаат на одлуката за истополови бракови од 2015 — Obergefell v. Hodges – како и на Roe v. Wade како комплетни неуспеси. Фактот што Trump овие случаи ги интерпретира различно е всушност причината за загриженост.

“Конзервативните правни стручњаци одамна ја критикуваат одлуката Roe v. Wade заради истите причини поради кои ја критикуваа и онаа за геј бракови. Воопшто не е јасно кое толкување на Уставот води кон одлуката за брак, а не и правото на жената да одбира”, вели Steve Vladeck, професор по право на University of Texas School of Law.

Судиите од Врховниот суд се претпазливи кога станува збор за можноста да настане промена на првичните одлуки, со цел да се постигне стабилност и континуитет на законите. Тоа е правно начело наречено “stare decisis” кое во груб превод значи “да се остане до она што е одлучено”. Но се случуваат и вакви промени. Од сите судии во судот, за ова начело најмалку почит има Clarence Thomas.

Од една страна, за време на своето интервју на “60 Minutes” Trump изјави дека прашањето за брачна еднаквост е веќе утврдено.

“Постојат случаи кои веќе се однесени до Врховниот суд. Тие се утврдени и јас сум во ред со тоа”, изјави Trump.

Но во врка со абортусот тој има поинаков став.

Тој изјави дека судиите кои ќе ги назначи ќе бидат “про живот” оставајќи ја можноста да се промени одлуката Roe v Wade. Доколку тоа и се случи, тој изјави дека проблематиката ќе и биде вратена на државата.

На констатацијата дека некои жени нема да смеат да абортираат, тој одговори дека истите ќе мора да одат во друга држава.

Со помошта од неколку конзервативни групи како Heritage Foundation и Federalist Society, Trump состави листа од 21 потенцијални судии за Врховниот суд. Многу од нив веројатно не гледаат разлика меѓу одлуката Roe и Obergefell.

Кога е во прашање абортусот, не станува збор за “про живот” колку што станува збор за пристапот при толкување на Уставот. Конзервативците како Thomas и Scalia не ја признаваат една од клучните точки на Roe која го гарантира правото на приватност при абортус.

А во врска со геј браковите, тие не ја признаваат точката која ја ограничува можноста на државите да забранат истополви бракови.

Josh Blackman професор по право на South Texas College of Law in Houston, изјави дека забелешките на Trump не се целосно јасни, но може да се разбере дека иако Roe v. Wade е донесена пред повеќе години, се уште е прилично спорна.

“За споредба, Obergefell во голема мера се смета за утврдена” вели тој.

Тоа значи дека наспроти истополовите бракови кои веројатно нема да се појават во скоро време во Врховниот суд, рестрикциите за абортус многу веројатно ќе се вратат во судот многу наскоро.

Извор